Игри за во кревет за секој хороскопски знак!

15 април, 20200
horoskop

За што и да се работи во животот, сите имаме различни потреби и тактики. Кога станува збор за сексот, секој хороскопски знак си има свои карактеристики. Ова се совети за секој знак, за да можете да го зголемите вашето задоволство, но и задоволството на вашиот партнер.

Овен: користете бес

Овните навистина оживуваат низ својот карактер, кој може да се канализира со некои навистина забавни активности во спалната соба.

Бик: уживање во сензуални масажи

Биковите сакаат се што е сензуално, а особено ако можат да легнат, да се опуштат и да уживаат. Секси масажа може да ја насочи тензијата во повеќе правци.

Близнак: секси разговори

Близнаците се најголемите зборувачи во хороскопот, така што, сосема е логично што сакаат “мрсни разговори” во спалната соба.

Рак: контакт со очите

Чувствителните ракови сакаат страст во комбинација со романтика, така што нив особено ги возбудува контакт со поглед. На тој начин тие се чувствуваат видено, заштитено и посакувано.

Лав: внесете драма

Лавовите се вистински драма кралици и ѕвезди во спалната соба, особено ако можат да ги доживеат своите фантазии со мала наративна креативност

Девица: експериментирајте со доминацијата

Девиците сакаат да служат, што ги прави совршено подредени во ова сценарио. Иако Девиците се многу примерни, во спалната соба се меѓу најперверзните знаци.

Вага: не плашете се да бидете гласни

Вагите сакаат да работат по свои правила , но кога се работи за секс, тие сакаат истите да ги прекршуваат. Особено уживаат во тоа, доколку партнерот им стави до знаење дека тоа што го работат е добро.

Шкорпија: правете го тоа во темница

Шкорпиите се напнати и дискретни, така што ви советуваме да имате секс во темница, кадешто нема да има осуди. Само мистерии и задоволства.

Стрелец: пробајте со малку егзибиционизам

Стрелците се возбудуваат кога ризикуваат. Па, оставете ја вратата отворена, или не ги навлекувајте сосема завесите. Адреналинот кој го чувствуваат тогаш е неверојатен.

Јарец: доминација во полна сила

Јарците се природни шефови и се чувствуваат многу удобно во таа улога. Тој талент многу добро може да се искористи во спалната соба. Дозволете им да доминираат над вас за ултимативно задоволство.

Водолија: секси играчки

Како знак кој е љубител на технолошките иновации, Водолиите секогаш сакаат да пробуваат нови уреди, вклучувајќи ги и оние за лично задоволство.

Риби: прифаќаат разновидност

Рибите се романтични и носталгични, поради што често уживаат во истите пози за секс. Ако донесете Кама Сутра во спалната соба, можеби ќе успеете да ја разбудите нивната дива страна

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi