Ја изневерувал 6 месеци пред ВЕНЧАВКАТА: Одбивав да поверувам, се додека не прочитав нешто ЗАСТРАШУВАЧКО

17 август, 2020
Annotation 2020-08-17 011852

Не ги игнорирајте црвените аларми

Изневерувањата во врските и браковите, за жал, не се ништо невообичаено.

Секако, под услов да дознаеме за нив.

Велат дека жените не знаат дека саканата личност ги изневерува доколку не сакаат тоа да го знаат.

Женската интуиција е прилично силна.

Девин Ален (31) ја игнорирала некое време, а тогаш, после раскинувањето, ја основала компанијата “d.i.y.BreakUp” и на Tik-Tok каналот на компанијата, раскажа што и се случило:

“Со бившиот вереник бев во врска околу 6 години, а 90 дена пред нашата венчавка дознав дека ме изневерувал претходние шест месеци”, започна Девин. 

“Неговите пораки случајно се синхронизираа со мојот лаптоп и така дознав дека на мене и на другата девојка ни праќал скроз идентични пораки”, раскажа оваа девојка.

Таа се сомневала пред тоа дека свршеникот ја изневерува, а во една прилика дури видела дека му стигнало видео од женски гради.

Иако тоа би бил црвен аларм за секоја жена, свршеникот се извлекол со тоа што ја потпишал другата девојка под името на неговиот најдобар пријател, а потоа на Девин и ја „продал приказната“ дека пријателот се фали за аферата што ја има.

„Рекол дека неговиот пријател ја змами девојката со девојка со која одел во средно училиште и дека се правел важен со тоа што ги праќал тие видеа“, рече Девин.

„Му верував, секако, и не побарав понатамошно објаснување“.

Во друг клип, Девин раскажува како таа некогаш го фатила во бар додека галел друга девојка по бутовите, но тој истрчал во тоалетот пред да може да му пријде.

„Не сакав да го споменам тоа во тој момент, затоа што не сакав тој да полуди и да ме посрамоти и пред моите пријатели“, рече несреќната девојка.

Кога подоцна му го спомнала тоа, поранешниот констатирал дека таа го шпионирала и дека не може да се ожени со некој кој има проблеми со довербата.

На сето тоа, тој одбил да ја однесе во болница, откако Девин не можела да престане да повраќа, и тој коментирал дека таа е само желна за внимание, а потоа безгрижно отишол да игра голф.

„Сепак, на крајот успеав да го убедам да се врати и да ме однесе во болница, но на патот натаму застана да земе храна. Не можев да престанам да повраќам, затоа што мирисот многу ми пречеше, но тоа него не го допре во најмала рака “, рече таа.

Иако во болницата и биле дадени три инфузии, тој сепак инсистирал дека Девин фолира, па дури и му го рекол тоа на лекарот.

Откако ги прочитала пораките кои пристигнале на нејзиниот лаптоп, Девин дефинитивно добила доказ дека свршеникот ја изневерува, таа ја откажала свадбата и тој ден со своите пријатели отпатувала за Лас Вегас.

Во 2019 година Девин заедно со својата пријателка Џесика ја основаа компанијата „d.i.y.BreakUp“, со желба да им помогнат на другите жени да се справат со скршеното срце.

Споделувајќи го своето искуство со 24.000 следбеници, Девин рече дека животот сега и е многу подобар, и покрај тоа што нејзиниот поранешен сеуште е со девојчето со кое ја изневерувал, таа рече дека се надева дека е среќен, пишува TheSun.

Сите видеа можете да ги гледате на профилот на компанијата на Tik-Tok.