8 јули, 2020

Она што е важно е дека не треба да се обвинувате себеси за раскинувањето, туку да се обидете да продолжите понатаму …

Многу врски не ја “преживеаа” вонредната состојба. Епидемијата на корона вирусот дефинитивно беше тест за љубовта, но тоа не значи дека секоја врска што сега „падна на тестот“ не може да се опорави и да се врати со стил. Она што е важно е дека во првите денови не треба да се обвинувате себеси за раскинувањето, туку треба да се обидете да продолжите понатаму – вели Весна Петровиќ, психолог и психотерапевт.

– Најлошото нешто што можете да го направите во моментот е да се обвинувате себеси, да ја ставите целата вина за раскинувањето врз себе и да се откажете од сегашниот момент, постојано да се враќате во минатото, да ги повикувате негативните мисли и да се занимавате со самокритика. Деновите зад нас беа тешки и затоа мора да имате разбирање пред сè за себе, а потоа и за вашиот партнер. Наместо да се обвинувате себеси, фокусирајте се на личното закрепнување. Посветете се на себе, работете на психата, зајакнете ја со читање на афирмативни текстови и книги, движете се, поканете ги своите пријатели на прошетка или дневно патување, украсете го станот, слушајте музика која ве придвижува… Суштината е да ја окупирате психата и да го заморите телото со здрав физички напор, затоа што на тој начин ќе ја исчистите главата, ќе ги средите мислите – вели соговорникот на „Новости“.

Кога ќе стигнете до таа фаза, ќе можете да размислите потрезвено за причината за раскинувањето, затоа, вели психологот, ќе ви биде појасно дали вие сте згрешиле или пак партнерот е виновен. А можеби ќе сфатите дека сте направиле погрешен чекор заедно.

– “Од таа позиција, ќе можете да видите колку е основана причината за раскинувањето и дали го сакате вашиот партнер назад или не. Кога ќе ја изладите главата и ќе се смирите, работите ќе ви станат јасни. Во афект и депресија, вистината за врската што заврши ќе остане нејасна” – тврди експертот.

Остави коментар

Почетна // Life Story // Како да го преболите раскинувањето? – Три работи се клучни!
Горе