Како да имате безбедни односи за време на пандемија? Едноноќните авантури станаа премногу ризични!

21 ноември, 2020
22

Една ноќ стана еден месец
Пандемијата на корона вирусот го смени секој сегмент од нашите животи, вклучително и начинот на кој ги гледаме едноноќните авантури.

Наместо авантура за една ноќ, станува се попопуларна врската во која и двајцата партнери се тестираат за корона вирусот и поминуваат еден месец заедно. Овие типови мини врски не обврзуваат ниакава сериозност, туку обезбедуваат само безбеден сексуален партнер.

Едномесечните мини-односи ги сметам за позитивна еволуција на заведувањето – вели сексологот д-р Хелен Фишер.

Сепак, важно е и двајцата партнери да бидат свесни за природата на нивната врска. Самиот факт дека нивната врска трае подолго не гарантира дека нивната врска ќе се продлабочи или станува посериозна. Сепак, според статистичките податоци од годишното национално истражување на страницата „Match.com“, во просек, 35% од испитаниците признале дека нивниот однос со текот на времето се развивал во врска – рече Фишер.

„Мини врската“ може да биде идеална за луѓето кои навистина не ја бараат својата сродна душа, но во моментов се фокусирани на други области од нивниот живот, кариера, уметност или спорт.

-Новите видови на врски се појавуваат природно во сегашната ситуација – вели д-р Џен Јанг, основач и сопственичката на компанијата „Акита Софтвер“, која направи експеримент со апликацијата „JeanDate“ и спари стотици парови за време на карантинот.

Едномесечните комбинации се начин да се ослободите од стресот, но и можност да најдете потенцијален партнер на долг рок. Сепак, секогаш постои опасност од повреда ако партнерите очекуваат различни работи од оваа врска

escort - Korsan taksi