Како да ја разбудите страста кај вашиот партнер? Еве што најмногу ВОЗБУДУВА

21 август, 2020
vrzuvanje 1

Иако сексот со саканата личност е посебно уживање, специјалните ефекти како мирис, музика или лубрикант понекогаш се повеќе од добредојдени.

Дознајте неколку едноставни трикови што ќе го зачинат вашиот сексуален живот и ќе ве доведат до оргазам.

Изнендадување

Наглиот наплив на страст со изненадно водење љубов под тушот или во кујната е еден од начините да внесете дополнителен жар во својата љубовна врска.

Почувствуваајте го моментот и искористете го веднаш!

sexy couple in the library - a photo on Flickriver

Врзување

Иако звучи малку грубо, врзувањето на очите или рацете може да биде многу нежен и еротичен додаток.

Нежниот допир на свила на очите проследен со допирите на телото, вашиот партнер ќе го доведат до оргазам.

Истото важи и за врзување на рацете или лисици како дел од предигра што ви овозможува неограничена моќ и контрола што мажите едноставно ги излудува.

Огледало

Освен што секоја жена обожава големо огледало, тоа може да биде многу корисно помагало во сексот.

Ставете го покрај или над креветот што дополнително ќе ја зголеми страста додека се галите со вашиот партнер.

Започнете со соблекување, а остатокот препуштете ѝ го на фантазијата.

Музика

Токму како мирисите, и музиката има силно влијание на емоциите како и на атмосферата во спалната соба.

Усогласете ја музиката со движењата и претворете ја предиграта во игра на заведување и употребете ги претходните совети за да добиете атмосфера која ги буди сите сетила.

Мирис

Мирисите може да бидат одлични „засилувачи“ на интимните односи.

Уште одамна жените користеле мириси за заведување, а денес дури и научно е докажано дека мирисите на телото ослободуваат точно одредени реакции како страст и посакување.

Поиграјте си со етеричните масла од кои можете да капнете во освежувачот или да ги додадете во маслото за масажа.