Како да се вратите на моногамија по отворен брак

3 ноември, 2020
dreamstime-s-174055987

Ако пробате отворена врска и откриете дека не е за вас, постои начин да се вратите на старата, но тоа воопшто не е лесно. Терапевтот Тами Нелсон открива три важни фази на патот


1. Разговор за љубомора и други тешки емоции

Една од причините зошто жените се чини дека се поуспешни во отворените врски е тоа што тие подобро комуницираат за своите чувства, а отворените врски тоа го бараат. Сепак, ова ниво на транспарентност е исто така потребно за да се врати во моногамијата. Ова значи дека партнерите треба да зборуваат за тоа како се чувствувале замислувајќи го партнерот со некој друг во кревет, и ова е нешто што не е лесно да се каже.


2. Излегувајте почесто од дома, како штотуку да сте се запознале

Искрен разговор за емоциите и желбите може да биде тежок, но создава простор за поголема спонтаност и новина во самиот брак, а тоа им треба на паровите што се враќаат во моногамијата. „Раскинување на какво било надворешно партнерство и пренасочување на партнерите едни кон други, значи создавање нови авантури и нов сексуален живот само за вас двајца, а тоа бара фокус и трпеливост“, објаснува Нелсон.


3. Пронајдете нов пристап кон моногамијата

– Со раскинување на секундарните врски и зборување за сè, паровите почнуваат да поминуваат сè повеќе време заедно, а тоа време заедно станува подобро. За време на тој период, клучно е да се соработува за нов, подобрен пристап кон моногамен брак, бидејќи стариот начин доведе до идеја за отворена врска – објаснува терапевтот.