Како се чувствува тој кога нема да доживеете оргазам

4 јуни, 20200
8

Вашиот оргазам на него му значи повеќе отколку што мислите. Ако не доживеете оргазам, тој почнува да се сомнева во својата сексуална моќ. 

Новото истражување објавено во „Journal of Sex Research” (Журнал за сексуално истражување), покажа дека кога жената нема да доживее оргазам за време на сексот, мажот се чувствува лошо, особено кога е во врска.

Стручњаците во група од 45 жени и мажи ја испитувале важноста на оргазмот за време на сексот. Еден од резултатите не е ни малку изненадувачки – на мажите постигнувањето оргазам им е клучно за уживање во сексот. Она што можеби ќе ви изненади е тоа што оргазмот на партнерката им е едно од најголемите сексуални задоволства што можат да го доживеат.

„Мажите мислат дека нивна одговорност е да ја стимулираат партнерката за доживее оргазам. Ако тоа не се случи, тие почнуваат да се сомневаат во својата сексуална моќ, вели една од коавторките на истражувањето, Сара Е. Сандберг. Таа додава и дека средовечните мажи имаат поинакво мислење за оргазмот на партнерката бидејќи веќе искусиле долгогодишни врски, со самото тоа веројатно и оствариле сексуална комуникација, па и очекувањата им се реални.

Некои жени сметаат дека оргазмот за време на сексот е многу важен, но повеќето се согласуваат дека сексуалното задоволство не зависи само од тоа.

„Подобро разбирање на сексуалноста на партнерите ќе помогне долгорочно за сексуалното доживување. Заедно треба да му ги откриете техниките што може да ги усвои за да ве доведе до оргазам и на тој начин ќе се намали притисокот. Само тоа може да доведе до подобри и почести оргазми“, истакна Сандберг.

Она што никогаш не треба да се прави е да се глуми оргазмот. Ако го правите тоа, нема да го поштедите од непријатните чувства, туку ќе створите бариера меѓу вас која нема да ја поправи сексуалната компатибилност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi