Кои хороскопски знаци важат за емотивно нестабилни?

22 август, 20200
nestabilni

Се случува понекогаш да сме нерасположени или со променливо расположение, но кај некои луѓе промените на расположение се толку изразени што може да ги окарактеризираме како емотивно нестабилни.

Кога станува збор за хороскопските знаци, токму овие знаци важат за емотивно нестабилни.

Рак

Толку се чувствителни што често се навредуваат и од најмала ситница. Наутро можат да бидат полни со енергија и во добро расположение, а до попладне нервозни и склони на провокации.

Иако нивното однесување може да биде одбојно, тоа не го прават намерно. Едноставно не ги сфаќаат работите на ист начин како и другите хороскопски знаци. Одлични пријатели се, многу се грижливи и потребно е малку да минете време со нив за да ги запознаете во вистинската смисла.

Вага

Многу им е важен животниот баланс, а тоа не е лесно да се постигне. Вагите понекогаш и намерено предизвикуваат дисбаланс во својот живот, за да постигнат одредена цел.

Тоа може да влијае на нивната емоционална состојба, па склони се на испади.

Шкорпија

Ако не ги контролираат своите емоции, можат да бидат непријатни. Нивните чувства се манифестираат во облици на бес, одмазда или поголеми испади.

Но, за среќа таквите моменти кратко траат, брзо се соземаат и повторно стануваат емоционално стабилни.

Стрелец

Иако не се емоционално нестабилни на типичен начин, нивното расположение може да биде многу променливо. На пример, еднаш ќе ве изненади со одушевување и жар, а вториот пат нешто ќе ги налути или ќе бидат незаинтересирани.

За тоа е виновен нивниот ангажман со одредени работи поради кои не можат да се сконцентрираат ниту да се радуваат на нешто друго.

Риби

Имаат длабока интуиција и сочувство кон другите. Повеќето Риби знаат како да ги контролираат своите емоции и да ги насочат кон нешто корисно, па многумина од нив се занимаваат со уметност. Но, ако немаат каде да се „издуваат“, со нив може да биде многу тешко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *