Кои три маани жените ги сакаат кај мажите?

1 април, 20200
Capture

Машкиот шарм е многу тешко да се опише со зборови, но многу пати овој скриен сексипил е составен од мали нешта што го прават мажот посебен и едноставно неодолив. За што точно станува збор ги прашавме жените и дојдовме до интересни одговори.

Очила

Иако во детството, ги избегнувавме момчињата кои го имаа тој изглед на бубалица, денес очилата се еден совршен моден детаљ кој е од голем интерес за жените. Внимателно избраните диоптерски очила оставаат впечаток на искуство, зрелост и интелигенција, кои се особини на кои жената не може да одолее.

Тридневна брада

Млада брада од само три дена е вистинската мамка за припадниците на понежниот пол. Не станува збор за брада како гнездо, туку за бунтовен и многу лежерен изглед на маж, кој со соодветна облека и донекаде фраерски став, едноставно вришти од сексипил.

Седа коса

Истражувањето спроведено кај жените откри дека повеќе од две третини од жените, седата боја на коса ја доживуваат како многу секси. Иако сè повеќе мажи денес посегнуваат по боја на коса за да ги прикријат првите знаци на стареење, жените преферираат уредна седа коса, отколку вештачки изглед што не може да не се забележи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi