Колку е здрав сексот? Ова се неговите најголеми здравствени придобивки!

16 ноември, 2020
секс

Сексот предизвикува излив на хормони кои можат да го намалат стресот и да го подобрат спиењето. Не е важно колку често имате секс и дали го правите тоа сами или со партнерот, само имајте во предвид дека здравиот сексуален живот ни помага да се чувствуваме исполнето.

Предуслов на сексуалното здравје е тоа да се заснова на согласност, искреност и заемно задоволство, а тоа се придобивките за нашето здравје што ни ги обезбедува сексуалниот однос.

Сексот го ублажува стресот и вознемиреноста
Се покажа дека сексуалната возбуда ги намалува нивоата на стрес, што објаснува зошто делува толку релаксирачки. Дополнителна причина зошто сексот помага во ослободување од стрес и вознемиреност е ослободување на ендорфин, хормонот на среќата што го крева нашето целокупно расположение.

Ендорфините се невротрансмитери поврзани со зголемено чувство на задоволство, мотивација и енергија. Покрај сексот, ендорфинот се ослободува и од други активности како што се вежбање, смеење и јадење вкусна храна.


Сексот ја подобрува интимноста и либидото
Сексуалниот однос е нормален дел од секоја здрава врска, бидејќи го зголемува ослободувањето на окситоцин. Исто така е наречен љубовен хормон, окситоцинот е поврзан со чувство на доверба и емпатија кои се клучни за градење на интимни односи.

Ако имате интимна врска и се чувствувате повеќе поврзани со вашиот партнер, многу е веројатно дека ќе се зголеми вашата желба за секс, или либидото.


Сексот согорува калории
Не можете да ја замените вашата вообичаена рутина за вежбање со секс, но затоа ќе имате побрз ритам на срцето и ќе потрошите повеќе калории отколку да седите на каучот.

Една студија од 2013 година открила дека хетеросексуалните парови во раните 20-ти години горат при просечен секс помеѓу 69 и 100 калории, што е исто како да трчате 10 минути на трака. Колку калории ќе согорат зависи од времетраењето и интензитетот на сексот.

Сексот може да ни помогне да спиеме подобро
И мажите и жените, според студијата од 2019 година, забележале подобар сон по оргазмот, без разлика дали тоа го постигнале со партнер или мастурбација. Сексот воопшто, и оргазмот кај жените особено, помага да се ослободи окситоцин, што директно влијае на мозокот при што добива голема релаксација, па дури и во помала мера делува како седатив.
Според Меѓународното здружение за сексуална медицина, оргазмот исто така го зголемува нивото на пролактин, хормон поврзан со чувство на поспаност и релаксација.


Сексот може да го зајакне имунолошкиот систем

Сексуално активните жени, според една студија од 2018 година, во плунката имаат поголемо ниво на антитела наречени имуноглобулин А, отколку жените кои не се толку сексуално активни.

Недостаток на имуноглобулин А може да го зголеми ризикот од одредени респираторни заболувања како што се пневмонија и бронхитис, како и инфекции на синуси, уши и очи.

Други истражувања покажаа дека мастурбацијата може да го зајакне имунитетот и да го подобри целокупното здравје.

Сексот може да го намали крвниот притисок и да помогне во спречување на срцеви заболувања
Првиот начин на кој сексот му помага на здравјето на срцето е со забрзување на отчукувањето на срцето, па затоа, доколку го практикуваме редовно, можеме да му помогнеме на срцето поефикасно да испумпува крв низ телото, а истовремено да го намали крвниот притисок. Сепак, некои истражувања сугерираат дека сексуалната активност може да предизвика негативен исход, особено кај луѓе со нарушено кардиоваскуларно здравје.

Одржувањето на крвниот притисок во нормални граници е една од главните препораки за спречување на срцеви заболувања, бидејќи високиот крвен притисок може долгорочно да го оштети срцето и да доведе до опасни ситуации.


Сексот може да помогне во ублажување на болката
Сексот ослободува ендорфин, што според некои истражувања може да помогне во ублажување на грчевите во менструацијата и болката за време на породувањето.

Во одредени ситуации, сексот може да предизвика болка, но може и да помогне. Состојби како што се ендометриоза, вулводинија или менопауза може да го направат сексот болно искуство за жените, но честопати решението може да биде физикална или сексуална терапија.