Колку мажите, а колку жените замислуваат НЕКОЈ ДРУГ за време на сексот ?!

15 јуни, 20200
sex-couple

Ова е една од најголемите табу-теми во која било врска – ретко кој ќе признае дека замислува некој друг за време на сексот, а тоа се случува многу почесто отколку што мислите.

Студијата објавена во списанието „Journal of Sex Research“ покажало дека 80 проценти од жените, а дури 98 проценти од мажите, фантазираат за секс со друго лице!

Океј, тоа е само фантазија, а многу поинтересен е податокот за тоа колку испитаници навистина замислувале други луѓе за време на сексот.

Се покажало дека процентот е 46% кај жените, додека кај мажите бил нешто понизок, околу 42%.

„Понекогаш за време на секс фантазираме за други, затоа што нашиот сексуален живот стана рутина и ние сакаме да ги зачиниме работите малку во кревет без да ги расипуваме врските со партнерот и нема ништо лошо во тоа. Кога фантазираме, креативниот дел од мозокот создава слики што ја надополнуваат нашата фантазија, додека логичкиот дел од мозокот не предупредува дека ако ја претвориме фантазијата во реалност, ќе ја уништиме нашата врска “, вели сексуален терапевт Тара Бејтс-Дуфорд.

Сепак, она што првично делува само како дополнителен стимул може да се претвори во голем проблем.

„Секој пат кога ќе замислите некој друг, ја губите интимната врска со партнерот. Исто така, ако не можете сексуално да се возбудите без слика на друга личност во главата, јасно е дека имате проблем. И честите фантазии ќе се претворат во „изговор“ за навистина да се изневери партнерот“, заклучи Бејтс-Дуфорд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi