4 август, 2020

Почетната страст и возбуда често се претвораат во разочарување, бидејќи односот на љубовниците се темели на криење и на лаги. На заљубените им расте очекувањето од партнерот, но и фрустрациите…

1. Криење

Магиите на забранетото овошје избледнуваат  брзо ако сте принудени времето да го минувате во евтини хотелски соби или да се криете во автомобил. 

2. Лаги

Лажењето на семејството и на пријателите е исто така дел од проблемот, а повеќето од оние кои се во љубовен однос најмногу си лажат сами себеси – било да си говорат дека тоа што го прават не е лошо или ги прифаќаат лагите на љубовникот дека е во лош брак.

3. Гризење на совеста

Иако тоа не е нешто што се појавува додека љубовниците се занесени со страста, со текот на времето неминовно се наметнува прашањето која е последицата од таквиот однос.

4. Осудување

Луѓето ги осудуваат љубовниците, макар и да ве лажат в лице дека не е така. Колку повеќе луѓе знаат за приказната, кругот на осудување се шири, а тајните лесно се издаваат и шират во облик на трачеви.

5. На последно место

Љубовникот или љубовницата доаѓаат по семејството и брачниот партнер од разни причини, кои начелно ќе ги прифатите со самото тоа што се согласувате на таков однос. Ако тоа со текот на време се смени, се наметнува прашањето како претходно не ви пречел таквиот однос, но и ризикот дека од забава се претворате во некој на кој му пречи она што другиот веќе го има со својот дом. 

6. Љубов или искористување?!

Со текот на времето растат и очекувањата, а односот почнува да се темели на емоционален рингишпил – од моментот на голема среќа до моменти на голема тага и прашување дали сè се сведува само на секс и на забава.

7. Ги добивате само остатоците

Љубовниците никогаш немаат комплетен однос – кој подразбира јавно признавање, заеднички утра, Божиќ, родендени, повици на партнерот во секоја доба и да посакате…Тоа обично не пречи во почетокот, но со продлабочувањето на чувствата станува камен за сопнување и голем извор на фрустрација.

8. Како да верувате?!

Дали тој/таа сèуште спие со својот партнер, ја доживува ли врската сериозно, има ли вистински намери да излезе од бракот – овде самата доверба се крши. Дури и ако другата страна се разведе, прашање е дали можете да имате доверба дека истата таа работа нема да ви се случи и вам.

9. Сè оди кон крајот

Околу 90% од вонбрачните врски не завршуваат со развод, туку со прекинување на односот со љубовницата/љубовникот. Најчесто сопружникот дознава за целата приказна и поставува ултиматум, но можно е и заладување на односите од една или од друга страна поради фрустрации или преголем притисок.

Остави коментар

Почетна // Life Story // Љубовници, внимавајте: карактеристики на швалерскиот однос
Горе