МНОГУ MИ СЕ ДОПАЃАШЕ, СЕ СОБЛЕКОВ, ЛЕГНАВ НА КРЕВЕТ… Потоа започна ПЕКОЛОТ!

7 август, 2020
секс

Многу жени имаат проблем да се релаксираат за време на сексот, особено првите неколку пати.

Може да се напише цела сага за тоа што минува низ главата на жената во тие моменти.

Во суштина, сето тоа се сведува на несигурност, односно на она што ќе мисли кога ќе го види нејзиното голо тело.

Сепак, општо познато е дека мажите и жените не размислуваат исто и не ги гледаат работите на ист начин, и затоа жените треба да станат свесни дека тие, во суштина, не гледаат ништо од она на што обрнуваат внимание.

Се разбира, сè минува низ нивните глави, а еве еден дел:

1. Остани кул

Кога жената се соблекува пред мажот, без разлика колку пати ја виделе таа сцена, сè во неговото тело подивува. Ритамот на срцето се забрзува, крвта се протега кон препоните, тие се збунети во главата, па не можат да мислат трезвено. Не сакаат да остават впечаток дека никогаш порано не виделе гола жена, поради што се обидуваат да останат кул и собрани. Всушност, тие повеќе би почнале да викаат со среќа и возбуда.

2. Обиди се да издржиш

Мажите достигнуваат оргазам побрзо од жените, што значи не само дека тие треба да работат дополнително, туку и да го одложат своето задоволство на задоволството на жената. Затоа, иако би сакале да водат љубов диво, понекогаш мора да го направат во побавен ритам со кој, барем се надеваат, ќе можат во исто време да го достигнат врвот.

3. Да знаев само што сака таа да и правам

Не плашете се да ги насочите. Нашата работа е многу полесна кога ни давате повратни информации. Шепнете ги вашите желби на уво, поместете ги рацете таму каде што сакате тие да бидат, преземете контрола и покажете ни што ве возбудува, им велат мажите на жените.

4. Јас сум голем среќник

Мажите едноставно се презаситени со чувство на благодарност кога ќе видат гола жена.

5. Зошто воопшто таа се чувствува несигурно?

Мажите исто така имаат свои несигурности, но сепак тешко ги разбираат „кочниците“ на жените кога се толку маѓепсани од женското тело. Ако жената ги покрива градите со рацете, се крие под ќебе и не може целосно да се опушти, вистински маж ќе стори сé за да се чувствува добро. Овие несигурности навистина не им пречат на мажите, но тие претпочитаат кога жената гордо им ја покажува целата своја убавина.