Може ли жената да го промени својот маж?

5 јули, 20200
4

Старата добра дилема, почнавте да излегувате, работите одат добро, но вие би сакале да смените некои аспекти од неговиот стил и личност. Дали е воопшто можно да се случи вакво нешто? 

Кои се проблемите на вашата врска? Веста дека мажот на вашите соништа не сака брак и деца? Или фактот што кога ќе испие малку повеќе знае да биде агресивен?

Или можеби некои помали нешта како тоа што има ужасна фризура, лоши папучи, влакна кои му излегуваат односот што покажува дека е многу посветен на својот изглед, па не би сакале да го поминете остатокот од животот со некој кој во суштина има лош вкус?

Ако се работи за второто некои би рекле дека сте будала што отфрлате сосема добар маж поради така површни нешта, бидејќи тврдат дека малите нешта можат да се променат со тек на време. По некое време вие ќе можете да му претставите подобра рутина за лична нега. По 12 месеци ќе влијаете на неговиот избор на фризура, а неколку години подоцна ќе почнете целосно да се грижите за неговата гардероба.

Но дали е тоа навистина така? Дури и желбата да смените нешто кај вашиот потенцијален долгогодишен партнер може да биде рецепт за пропаст. Покрај се на почетокот на вашата врска поминувате време размислувајќи што не ви се допаѓа кај партнерот и што би промениле, како подоцна ќе се сеќавате на нешта кои ви се допаѓаат кај него? Зарем има нешто полошо од тоа кога вашиот сакан влегува во просторијата да бидете фиксирани на неговите лоши чевли?

Едно истражување направено од страна на Marks and Spencer и Oxfam’s Shwopping покажало дека на жените им треба околу шест месеци за да почнат да ја наметнуваат нивниот смисол за мода. Половина од жените во истражувањето признале дека фрлаат некои од предметите на нивните партнери кои не им се допаѓаат без нивно знаење, а една од седум жени признала дека намерно оштетуваат некои парчиња облека при перење.

Па ако пробуваме да ја смениме неговата фризура, рутината на нега и сл, што тогаш кога станува збор за поголемите нешта? Заборавете ги маичките со “V“ израз, лошите чевли и сл., што се случува ако партнерот или сериозен проблем со алкохолот да речеме? Или пак е непоправлив женкар? Или пак мисли дека нема потреба да најде „вистинска работа“ затоа што неговиот бенд еден ден ќе биде познат?

Во тој случај повеќето жени ќе направат од ваков маж свое момче, бидејќи тоа е вистински проект! И тука проблемот започнува…

Промените на личноста се навистина тешки

После се, ако тој се смени за вас, наместо за сите другите жени со кои се забавувал пред вас, тоа значи дека вие сте подобри, дека јас ќе победите, зар не?

Како што веројатно погодувате, тој никогаш нема да се смени и вие никогаш нема да победите, затоа што во основа кога се обидувате да смените нечија личност тоа никогаш не успева.

Па каде една жена треба да ја повлече линијата? Да натерате некого да почне да ги собира чорапите по себе е сосема во ред, па дури и да се обидете да влијаете на изборот на неговата гардероба не е толку страшно. Што е со неговата загрижувачка тежина? И тоа е во ред, бидејќи вие сакате тој да биде здрав? Вие велите ги правите овие нешта бидејќи се грижите, вие само сакате тој да биде најдобар што може, се тоа е од љубов, нели?

А што ако тој одбива да се смени? Што ако треба да почнете да следите се што јаде, или да треба да го молите да одите на лекар? Тој вие вие станувате зајадливата жена, класична улога на домаќинка од комична серија, а целата ваша врска станува една голема караница чија тема е неговата несовршеност.

Патот кон подобрување?!

Ова може да стане лизгав терен, да речеме сте смениле едно нешто и сте наишле на релативно мал отпор, па се обидувате да продолжите понатака. Почнувате да го споредувате вашето момче со партнерите на вашите пријателки, и следното нешто е правење на мали компетитивни надградби. Или уште полошо, завршувате со пет идентични момчиња, совршено додетерани кои редовно мачкаат хидратантен крем на своите лица.

Но тоа може да биде само еден дел од една долгогодишна врска. Некои жени постојано се обидуваат да ги променат своите партнери, тоа станува некаква рутинска навика, иако се во врска повеќе години. Иако тоа се мажите кои во суштина вистински ги сакаат, едноставно не можат да си помогнат а не гледаат простор за подобрување. На тој начин ова однесување станува составен дел од врската.

Пред воопшто да се впуштите во една врска препрачливо е да ги познавате и почитувате зваемите ставови за одредени важни прашања како став кон финансии, став кон религија, став кон конзумација на алкохол и се останато за кое ви е битно да бидете компатибилни со партнерот.

Ако сте веќе во врска со некого, тогаш треба да биде нежен и дарежлив со вас, како и вие со него, а ако тоа не е така тогаш веројатно и не треба да бидете во таа врска. Секако работите не се црно бели, но сепак треба да му го дозволите на партнерот луксузот да има по некоја маана.

За крај, дали маж може да промени жена?

Погледнете ја другата страна на паричката. Како жена, како би се чувствувале ако вашиот моментален партнер се обиде да го промени начинот на кој се облекувате? Или вашата тежина? Или не му се допаѓа некој аспект од вашата личност?

Што кога би се нашле во позиција, по неколку години врска вашиот партнер да почне да ви приговара за тоа што јадете, колку често одите да важбате, колку пиете, колку пари трошите и сл. Дали постепено би почнале да се чувствувате како да не можете да го направите партнерот среќен кога сте вие тоа што сте? Дали би ви се допаѓало кога би чувствувале како врската ви зависи од тоа колку сте блиску до совршената верзија на себе?

По некое време веројатно ќе сфатите едноставно не можете да го направите среќен партнерот, а воедно ни вие нема да бидете среќни доколку постојано се обидувате да се прилагодите на нечии стандарди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi