На оваа „Најсекси баба“ забрането и е објавување на снимки бидејќи е премногу провокативна: Што вие мислите?

3 мај, 20200
sexy-baba

Нејзините снимки се карактеризирани како премногу провокативни!

Џина Стујарт (49) од Австралија, која е прогласена „најсекси баба“, стана интернет ѕвезда, благодарејќи на нејзиното сексипилно тело и храбро облакање кое предизвикува внимание кај машкиот пол.

Џина е мајка на 4 деца и баба и манекенка која редовно се фотографира за едиторијали на познати списанија.

Сепак,на широката интернет заедница и е најпозната како инфлуенсерка која обожава да објавува „врели“ фотографии, на кои позира облечена сапо по долен веш, костим за капење, хаљини со длабоко деколте….

По Инстаграм, згодната Австралијнка проба да освојува и преку интернет платформата наречена Тик Ток, на која се објавуваат разни креативни снимки, но изгледа дека тоа не и појде од рака.

Иако се надеваше дека ќе го повтори успехот, за жал, на 49 годишната лепотица и се избришани 2 снимки поради „кршење на општествените норми“

Според светските медиуми, во едно видео Џина покажала како го коси тревникот, а во друго, си поигрувала копчињата на кошулата, кои, според Тик Ток, биле опишани како „сексуализирана“ содржина.

Џина, која беше облечена на снимките, смета дека одлуката е неправедна затоа што не споделила ништо експлицитно.

– Направив „акаунт“ на „Тик Ток“ и објавив две видеа. Тие траеја само 24 часа затоа што и двете клипови беа цензурирани – се пожали убавата Австралијанка.

Како изгледа Џина можете да погледнете на следните фотографии:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *