Најдобрите пози за правење на бебе

9 август, 20200
9

Ако сте едни од оние двојки кои се „зафатени“ со правењето на бебе, би било пожелно да ја прочитате следната листа на сексуални позиции за кои што многу експерти по сексуално здравје сметаат дека допринесуваат за побрзо и поефективно зачнување.

Кои сексуални пози се најдобри за зачнување?

Повеќето експерти велат дека најдобра е мисионерската поза. Исто така, се препорачува жената да лежи на грб најмалку еден час по односот и повремено да ги држи нозете исправени. Сепак, овој пристап не е најдобро прифатен од оние жени кои што се подложни на инфекции и кои што најчесто се измиваат веднаш по сексуалниот однос.

Таканаречената „кучешка поза“ при која што жената е легната или стои на коленици се препорачува поради тоа што при ејакулацијата спермата се наоѓа поблиску до фертилната јајце клетка со што како краен резултат би се добило зачнување.

Лежењето во странична позиција е многу релаксирачко, го зголемува чувството за интимност и ги зголемува шансите за зачнување.

Оргазмите играат важна улога во зачнувањето. Мускулните грчеви со кои што е пропратен оргазмот ја носат спермата поблиску до јајце клетката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *