Најдобрите правила за добар секс на кои редовно се потценуваме

25 мај, 2020
секс

Ние им дозволуваме да нè убедат дека сексот за да биде неверојатен мора да резултира со оргазам. Во реалноста, просечниот секс е исто така одличен секс, не секогаш завршува со оргазам и тоа им се случува на апсолутно сите, дури и со оние партнери кои се особено важни за нас и кои не привлекуваат исто како и првиот ден. Меѓутоа, за да го направиме секој секс што е можно подобар, еве мало потсетување.

Запомнете дека најважниот орган во сексот е мозокот!

Звучи очигледно, но најдобриот секс се случува со партнерот со кој сме длабоко поврзани. 48% од мажите и 39% од жените веруваат дека љубовта е клучен фактор за постигнување сексуална среќа. Без разлика дали станува збор за секс со повеќегодишен партнер или со целосен странец, сексот ќе биде многу подобар ако со тоа лице се појави ментален клик.

Комуникацијата е супер важна!

Има многу случаи кога сте заљубени во некого до уши, но сексот не е толку возбудлив како што можеби очекувавте. Кое е решението? Зборувај, зборувај, зборувај. Не се срами да го кажеш она што особено не те возбудува или што сакате повеќе.  Ако го направите ова соодветно, резултатот ќе биде конструктивен разговор што ќе доведе до поголемо меѓусебно задоволство.

Не очекувајте земјотрес секој пат!

Има многу малку парови на кои сексот им е фантастичен секој пат. Во повеќеѕо врски, сексуалниот живот е мешавина од неверојатно добар секс, просечен, како и оној во придружба на можеби смешни или незгодни ситуации. Уживајте во секој од нив подеднакво!

Бакнувајте се малку повеќе!

Многу парови ја потценуваат важноста на бакнежите, што е навистина штета бидејќи се работи за чин што буди и развива интимност и врска и е веројатно најважната работа што му претходи на сексуалниот однос. Без разлика дали се работи за долги, влажни бакнежи, но интензивни и страствени бакнежи, бакнување на начинот на кој најдобро ви одговара вам и на вашиот партнер ,ќе ве поведе во совршено расположение.