Научниците открија какви гради се најпривлечни за мажите

1 декември, 2020
гради

Истражувачите се обиделе да откријат какви гради се привлечни за мажите, па им покажале фотографии на кои се гледаат гради со различна големина и форма.

Списанието Еволуција и човечко однесување објави студија која тврди дека цврстината и големината на градите одредуваат колку мажите ќе ги задржат привлечни, пишува IFLScience.

Во студијата учествувале 267 мажи од Бразил, Камерун, Чешка и Намибија. Судејќи според резултатите, во Бразил, Чешка и Намибија, мажите ги сметаат средните гради за најатрактивни, додека Камерунците претпочитаат големи гради.

Ženske grudi i dekolte

Преку различни култури постои една константа кога станува збор за градите, а тоа е фактот дека мажите претпочитаат цврсти гради кои се типични за млади жени. Од друга страна, постојат големи варијации во тоа која големина на градите им се допаѓа. Во повеќето од тестираните земји, мажите најмногу сакаат гради со средна големина – тврди водачот на студијата Јан Хавлишек од Прага.

За да дојдат до овие заклучоци, истражувачите им покажале на испитаниците фотографии од гради со различна големина и форма. Притоа, тие откриле дека големината симболизира обележувач на потенцијална плодност, додека цврстината на градите е обележувач на преостаната плодност.

24sata

Ова всушност значи дека морфологијата на дојката може да послужи како индикатор за преостаната плодност, но нуди ограничена поддршка на хипотезата за потенцијален индикатор за плодност. Идните студии треба да се фокусираат на потенцијалната интеракција помеѓу два параметра, имено големината и силата на градите. Заедно, ова може да ги објасни релативно големите разлики во големината на женските гради – заклучија научниците.

escort - Korsan taksi