Нема лаги, нема измами! 5 сигурни знаци дека таа го ГЛУМИ врвот!

17 јули, 2020
Annotation 2020-07-17 193521

Јасни показатели за тоа дали вашата партнерка навистина уживала како што кажува

Ах драги, беше тоооолку доброоо! Хм, беше ли?

Според едно истражување некои жени редовно го глумат оргазмот, а други од време на време. Но, се поставува прашањето, како да препознаете дали вашата партнерка навистина го достигнала врвот?

Психолозите се сложни во едно тврдење, а тоа е дека жените уште во текот на сексот можат да знаат дали ќе доживеат оргазам или не. Доколку не може, а и значите, ќе се потруди да не ве “разочара”.

Сепак, стручните лица од порталот ivillage.com тврдат дека постојат некои знаци кои јасно покажуваат дали вашата партнерка го “одглумила” оргазмот.  

Раширени зеници

Океј, не очекуваме дека сред сексот ќе станете, ќе запалите светло и ќе отидете до својата драга со “Отварај очи да ти ги видам зениците”! Значи, иако ваквите работи се потешко видливи во мрак, доколку постои и најмала светлост замолете ја да ве погледне во очи. Не само што е романтично па со овој гест нема да може да одолее, туку полесно ќе приметите дали зениците и се раширени. А тоа е јасен знак дека навистина доживува оргазам.  

Грчење на вагиналните мускули

Грчењето на мускулите е најголем индикатор од сите, бидејќи не може ни да се сокрие нити да се изглуми. Во текот на оргазмот жената може да доживее помеѓу три и десет вагинални и цервикални грчеви, а првите неколку се со најјак интензитет. Тие грчеви силно ќе го стегнат пенисот, па нема шанси да не го почувствувате ова доколку навистина соживее оргазам.

Збунето лице

Освен доколку не глуми стално па веќе има спремна “оргазмична фаца”, кога нема оргазам, тоа ќе се види по изразот на нејзиното лице. Нема воздишки, звуци, а лицето и е збунето, најчесто се показатели дека и не уживала баш како што кажала.  

Хиперсензитивност

Истиот случај е и кај мажите. После врвот, половиот орган е осетлив на допири и потребно ви е малку време пред да се вратите во “нормала”. Исто е и со жените. Веднаш после оргазмот клиторисот станува многу чувствителен, затоа, доколку после оргазмот не го успори темпото или не престане со акцијата, веројатно глуми.  

Претерување со звуците

И на самиот крај, токму тоа поради што мажите мислат дека се е одглумено. Секако, постојат жени кои се просто гласни, сакаат да покажат дека уживаат, но тоа е нешто друго.

Се зборува за оние кои инаку не спаѓаат во таа група но одеднаш почнуваат со “Ммм колку си добар”, “Никогаш не ми било вака”, “Леле како свршив”… Значи, фрази од порно филмовите. А животот не е порно филм.

Реално, навистина да било тооолку доброо, веројатно реакциите би биле поинакви. Секако секој претеран труд за партнерот да се увери дека било совршено, може да биде знак за вклучување на светлата!

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi