НИКОГАШ повеќе нема да има секс со вас, доколку ОВА и го направите: Непростиви машки грешки во креветот

22 јуни, 2020
Annotation 2020-06-22 172803

Жените ќе толерираат многу работи, но едноставно постојат работи преку кои никогаш нема да преминат

Повеќето жени велат дека не им е важна големината, но затоа им е многу важно мажот да е самоуверен и добар љубовник во креветот.

Меѓутоа, потребно е таа да биде сигурна дека нејзиниот партнер добро го познава нејзиното тело и нејзините потреби и да не направи некоја глупава грешка, која ќе го одбие од неа.

Ова се грешките кои мажите ги прават во креветот, а за жените се непростиви!

Погрешно име

Ова е можеби и најлошата грешка која мажот може да ја направи. Доколку му се случи во  текот на сексот својата партнерка “случајно” да ја нарече со друго име, тоа може да биде голем проблем. Жената тешко ќе прости и заборави ваква навреда, без разлика дали е случајна или не.  

Прескокнување на предиграта

Жените ја обожаваат предиграта. Бакнежите и регратките на жените им се од голема важност пред самото сексуално искуство. Честопати предиграта им е и поважна од сексот со пенетрација. Кога мажот ќе ја прескокне предиграта, многу жени се чувствуваат искористено и може да се случи да не се препуштат и да не уживаат доволно во сексот, а за тоа ќе го обвинуваат партнерот.

Мажот не сака да ги истражува женските фантазии

Да, жените исто така имаат сексуални фантазии! Зборуваат за сексот со ист жар како и мажите, но некои се можеби срамежливи пред своите партнери да зборуваат да тоа. Затоа мажи, бидете џентлмени и прашајте ја својата избраничка во што најмногу би уживала.

Користење на истите пози

Сексот не би требало да биде предвидлив. Жените не сакаат секогаш да имаат секс во иста поза, туку некогаш да ја променат рутината и да се почувствуваат како на почетокот на врската, кога мечтите најдобро работеле.

Одбивање на орален секс

Жените сакаат да бидат задоволени “таму доле” подеднакво колку што тоа го сакаат и мажите. Тоа би требало да биде најнормална работа, која нивниот партнер редовно ќе ја практикува, знаејќи дека неговата поубава половина ќе ужива во тоа.   

Не препознавате дека таа го глуми оргазмот

Ваша работа е да го познавате телото на својата партнерка и обратно. Морате да бидете свесни што ја пали, а што не. Ако се сметате за искусен љубовник, би требало да знаете кога таа глуми оргазам и да најдете подобар начин да ја задоволите.

seks

Премногу краток секс

Доколку и двајцата сте за брзински секс, тоа е потполно во ред. Меѓутоа, ако мажот сака тоа да го направи на брзина, а жената би сакала да биде посензуално, поемотивно и подолго, постои голема веројатност дека после сексот ќе има проблеми

Секс без кондом

Ако жената не сака да имате секс без кондом, тоа мора да се почитува. Таа има свои причини за тоа, а вашето инсистирање и притискање може само да ја одбие од било каков сексуален однос.