Обликот на усните открива дали жената ќе доживее оргазам

9 мај, 2020
usta

Професорот по психологија, Стјуарт Броди спровел студија чиј заклучок бил дека обликот на женските усни покажува каков би бил интензитетот на нивниот оргазам и дали лесно може да го постигне.

Броди спровел интернет истражување, во кое учествувале 258 жени, со просек во 27 години. Со проучувањето на одговорите на испитаниците и со помош на анализа, тој открил дека жените со задебелени горни усни почесто доживуваат вагинален оргазам, пренесува Journal of Sexual Medicine.