Одговорете на овие 10 прашања и ќе откриете дали вашата врска има иднина!

25 октомври, 2020
брак

Во обид да им помогнат на младите да го изберат човекот за себе, судиите и адвокатите составија список од 10 прашања насочени кон проверка дали сегашната врска има потенцијал за успешен брак.


1.Дали јас и мојот партнер сме добар пар?

2.Дали нашата љубов се заснова на вистинско пријателство?

3.Дали го гледаме најдоброто едни во други?

4.Дали се реални нашите очекувања?

5.Дали имаме заеднички цели во врската и животот?

6.Можеме ли да разговараме за проблематични теми?

7.Дали се обидуваме да ја одржиме врската забавна и интересна?

8.Дали и двајцата сме подготвени да дадеме се од себе за да поминеме заедно во тешки периоди?

9.Дали сме добар тим кога ќе се појават проблеми во врската и животот?

10.Дали и двајцата имаме поддршка од други важни луѓе во животот?

Оваа листа од десет прашања на кои треба да одговори секој пар е дел од студијата на Универзитетот во Ексетер, составена од двајца судии и десет адвокати или медијатори специјализирани за развод.
Тука спаѓа и баронесата Шаклтон (Фиона Сара Шеклтон), која се смета за најголем британски адвокат за развод, која ги застапува принцот Чарлс, Пол Макартни, Лиам Галагер и многу други sвезди во Велика Британија.

Списокот на прашања беше составен врз основа на интервјуа со експерти за развод, среќни брачни парови и разведени луѓе.Во мојата улога како професионален адвокат за разводи по повеќе од 40 години искуство, можам да кажам дека повеќе од 50 проценти од луѓето кои ми приоѓаат за развод тврдат дека порано, или многу брзо во браковите, сфатиле дека тие се сосема различни од нивните партнери – објаснува Шеклтон.

Како поранешен министер за образование, јас сум свесен дека, иако училиштето обезбедува различно образование за секс, дрога и алкохол, има малку или воопшто нема образование во врска со една од најважните одлуки за животот – како да изберете некој со кој ќе го споделувате вашиот живот и да ги воспитувате децата – Шекелтон продолжува.