Ова се 5те реченици што жените сакаат да ги слушнат за време на сексот

17 април, 20200
секс 2

Зборовите можат да бидат моќен афродизијак во креветот. Секој има свои желби додека води љубов, но овие пет реченици ќе им се допаднат на повеќето жени.

1. Кажи ми што сакаш.

Митот дека мажите треба да ни ги читаат мислите кога станува збор за водење љубов е долго време заборавен. Ако сакаме нешто, тогаш тоа мора да го кажеме, а уште поубаво е кога мажот е заинтересиран да ја задоволи својата партнерка.

2. Да, имам кондом.

Самосвесните жени сами ќе се погрижат за контрацепцијата, но секогаш сакаат да знаат дека и нивниот партнер се грижи за тоа и е свесен за важноста да бидат сексуално одговорни.

3. Дали ти се допаѓа тоа што го правам?

Срамежливите жени не можат веднаш да му кажат на својот партнер што е најдобро за нив. Затоа, ова едноставно прашање е ефикасен начин мажот да открие дали жената се чувствува добро или не.

4. Го сакам твоето…

Сите понекогаш се чувствуваме малку несигурно додека водиме љубов, па затоа секогаш е убаво да се слушне што партнерот најмногу го сака кај нас и од што никогаш не му е доста. Таквиот искрен комплимент во интимен момент го крева чувството на самодоверба кај жените.

5. Фантастична си…

Мажите обожаваат кога жените ги фалат нивните сексуални вештини, но зошто и тие да не ги фалат нашите? Квалитетниот секс е взаемен процес во кој мора да владее и еднаквоста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *