Ова сигурно не сте го знаеле за сексот: Забавата во спалната соба нуди многу поголемо задоволство од самата ејакулација!

12 декември, 2020
glavna-613301264_1000x0


Дека е сексот отсекогаш омилена забава за човештвото, потврдува постојаниот интерес за тоа. Затоа е потребно постојано да се подобруваме во таа насока. Ви откриваме неколку факти на темата интимност, кои сигурно не сте ги знаеле.


Децата се најактивни

Иако истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе ја губат невиноста во тинејџерските години, просечниот број на сексуалните однсои скокнува 80 пати годишно па опаѓа на 20, како што се приближува нашето пензионирање.

Магичен број 13

Седумчасовните сексуални маратони може да бидат норма за пејачот Стинг и неговата сопруга додека вежбаат тантрички сесии, но повеќето луѓе велат дека помеѓу седум и 13 минути е оптимално време за пенетрација.

Бавно согорување

Истражувачите велат дека енергичниот секс може да ви помогне да согорите до пет калории во минута. Значи, не е замена за теретана, но сепак согорува калории.

Две третини – порничари

Дури 70 проценти од мажите повремено гледаат порнографија, додека за жените тој процент е само 33 проценти. Интересно е што жените сакаат друштво додека гледаат порно, додека мажите се посреќни ако ги гледаат соло.

Либидото варира

Значи, не постои „нормално“ со кое треба споредувате. Само што понекогаш некој не е расположен за секс, што е сосема нормално.

Премногу напалени


Ако размислувате за сексот нон-стоп и тоа ви го диктира вашиот животен стил, можеби е време да побарате стручна помош затоа што имате дијагноза – секс зависник.

Секс и старост

Оваа комбинација не звучи премногу секси затоа што либидото е една од работите што, за жал, ослабува со возраста и претежно жените страдаат повеќе во овој поглед.

Не е сè изгубено

Ако вашиот сексуален нагон е во стагнација, не паничете. Едноставни активности како диета, вежбање и масажа може да ви помогнат да се вратите во нормала.

Сексот ги зајакнува врските

Убаво да се забавувате во спалната соба помага да се зајакнат физичките и менталните врски со вашиот партнер. Повеќе од половина од испитаниците во една студија рекоа дека посилната емоционална врска е најголемата придобивка од сексот.

Слатки сништа

Оние кои доживуваат оргазам пред спиење, најверојатно имаат поквалитетен сон. Значи, следниот пат кога ќе видите дека вашиот партнер сака да ‘рчи веднаш по ејакулацијата, оставете го, тој ќе сонува убаво.

Играчките не се само за деца

Редовната употреба на вибратори е поврзана со подобро целокупно здравје. Затоа, израдувајте се себе си или вашата понежна половина со нова играчка.

Витамин С

Сексот може да го зголеми присуството на антитела кои се борат против инфекцијата. Дали има поудобен начин да се спречи настинка од потење во кревет? Најверојатно не.

Петингот ја подобрува работата

Една студија покажа дека добриот петинг навечер може да ве натера да бидете поангажирани на работа следниот ден, затоа поработете на тоа вечерва.

Олеснување на стресот

Се чувствувате вознемирено? Не грижете се, постои бесплатен, потполно природен лек за тоа – оргазам. Сексот помага да се намалат ефектите на стресот врз крвниот притисок и ги регулира стресните сигнали во вашиот мозок.