Ова треба да го прочита секоја жена која се сомнева дека нејзиниот сопруг ја изневерува!

20 јуни, 20200
people-girl-travel-alone

Сите ние имаме рутина на грижа за сите делови од телото.

И мажите и жените главно се држат до нешто на што се навикнати и едноставно се грижат за неговото оддржување.

А, што кога таа рутина ќе се промени?

Откако забележала дека нејзиниот сопруг ја сменил својата рутина на средување „таму долу“, една параноична жена ги споделила своите стравови од потенцијално неверство.

Жената објаснила дека нејзиниот сопруг ги бричи своите интимни делови на секои 6 недели, но дека тој не се грижел толку многу од почетокот на карантинот. Проблемот се појавил откако тој се вратил на работа. Имено, веднаш штом почнал да оди во канцеларија, тој започнал да се бричи таму. Загрижената жена побара совет на веб-страницата „Нетмамс“.

Мислењата беа поделени      

Некои од жените ја уверија дека луѓето во карантин едноставно се “улежуваат”, додека други не биле воопшто сигурни дека оваа жена има неосновани сомневања.

„Можеби сум параноична, но навистина ми требаше совет за да почнам да гледам на работите од друг агол“, напиша несреќната жена, објаснувајќи ја целата ситуација:

„Значи, маж ми ги бричи срамните влакненца, во просек, на секои 6 недели. Последниот пат кога го стори тоа беше кон крајот на февруари / почетокот на март, а потоа не ги допре, затоа што цело време работел од дома. Откако тој мораше да се врати на работа затоа што неговиот шеф го замоли, ми рече дека ќе работи сам пред пладне,а со една жена попладне.“

„Вечерта пред тој да се врати на работа, го затекнав како се бричи во туш кабината. Исто така, би сакала да додадам дека тој пред 7-8 години се дружеше со колега, за кого на крајот се испостави дека е колешка, и во одреден момент тој ѝ испрати порака со сексуална конотација“

По целата приказна, мислењата сè уште беа поделени

Некои сметаа дека може да биде потполно невин и дека, можеби, му било полесно да работи во костум без дополнително „пречење“, додека една жена даде ваков  совет: „Можеби тој не крие апсолутно ништо, но добро е да го прашаш

Некои сметаа дека тоа воопшто не е доволно за „обвинувањето“ дека некој изневерувал некого, додека други жени признале дека исто така би се посомневале.

Една жена сподели дека нејзиниот сопруг го правел истото кога ја изневерувал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi