Пијани пријателки завршиле заедно во кревет. Следел хаос после кој се покајале за постапката

22 јуни, 20200
89765010-1A1A-46C4-93FB-6A78C84B0921

Блиски пријатели имале секс неколку пати додека биле пијани, но како да се продолжи врската сега? Жената која клекна пред убавината на нејзината привлечна пријателка и имаше сексуален однос со неа, сега жали за делото затоа што после него нивната врска длабоко се променила. За да се обиде да го спаси пријателството, таа се обрати кон колумната на Гардијан „Драга Мариела“ за совет. Секс под дејство на алкохол – Запознав нова пријателка пред четири години. Брзо станавме блиски и работевме заедно. Нашите пријатели ни рекоа дека се однесуваме како двојка и честопати не прашуваа зошто не сме заедно, но иако таа е многу привлечна и драга, јас не чувствував љубов или сексуална привлечност – таа започна во писмото.

Сексот ги комплицира работите, но… Колумнистката Мариела Фроструп и одговори на читателката дека прекинувањето на комуникацијата не смее да биде решение во која било врска. – Една од најважните квалитети во секое пријателство е комуникацијата, таа е извор на задоволство, особено кога наоѓаме некој што не разбира и ужива во нашето друштво. Сексот ги комплицира работите и заради тоа луѓето понекогаш се однесуваат чудно – објасни оваа дама. – Започнете со извинување и искрен разговор за вашите чувства и мисли. Дури и да сте пијани, преземете одговорност за вашето однесување. Вашите чувства ќе покажат дали сакате нешто повеќе со таа жена или едноставно пријателство, но прво мора да ја слушате и нејзината страна – советува Фроструп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi