Плачење по водење љубов: Дали е вообичаено и кое е можното значење на овој излив на емоции?

6 февруари, 20230
placenje

Солзите по интимниот однос не се секогаш знак на тревога

Една од најделикатните теми е плачењето после сексуалниот однос.

Ако понекогаш плачете после секс, не треба да се грижите, бидејќи таквите солзи се сосема нормални и не се невообичаени.

Тие исто така можат да бидат солзи на олеснување, солзи на радост или едноставна физичка реакција што се случува во еден момент.

Сепак, појавата на плачење по сексуален однос, исто така, има медицинско име – посткоитална дисфорија, а симптомите се солзи, тага и раздразливост, иако сексот бил идеален. Може да му се случи на секој, без оглед на полот, сексуалната ориентација и задоволството во врските.

Не се спроведени обемни истражувања на оваа тема, но има податоци од 2015 година, кога биле испитани 230 жени и откриено е дека повеќето од нив плачеле по сексуалниот однос. Исто така, во 2018 година, 1208 мажи одговориле на анонимен прашалник на оваа тема – 41% од нив доживеале посткоитална дисфорија.

Причини за оваа состојба

Плачењето после секс може да се појави од најразлични причини:

Среќа и излив на емоции – Солзи радосници можат да се доживеат после секс, поради интензивни чувства

Биолошки причини – Особено кај жените, причината може да биде хормонални промени што се случуваат за време на сексот

Болка – Ако имате физички болки за време на сексот, треба да посетите лекар

Анксиозност – Плачењето е природна реакција на стресот и напнатоста. Исто така, може да биде стресно за вас што не знаете дали сте ги исполниле очекувањата на партнерот за време на сексот

Збунетост – Забуната за време на сексот е сосема природен феномен. Можеби работите тргнаа во неочекувана насока, или сексот не беше многу добар, така што сè продолжува во вашата глава.

Траума од минатото – Извесно движење или позиција за време на сексот може да потсети на некоја одредена траума од минатото, а со тоа да предизвика болни сеќавања, а со тоа и солзи

Што да направите ако вашиот партнер плаче?

Разбирањето е важно. Сигурно не е пријатно да се види дека после водење љубов, вашиот партнер плаче, затоа прашајте внимателно за што станува збор, но без притисок, и ако тој сè уште не е подготвен да зборува за тоа, не вршете притисок врз него или да звучите обвинувачки. Почекајте некое време, а потоа започнете ја оваа тема повторно, и ако оваа состојба често се повторува, разговарајте со професионалец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *