Разговорите за сексот ја подобруваат врската: Еве кои теми треба да ги опфатите со партнерот

10 август, 20200
вбн


Паровите кои редовно зборуваат за секс, желби и фантазии имаат до 10 пати посреќни врски од оние кои ја избегнуваат темата. Експертите и сексуалните терапевти веруваат дека, без оглед колку долго сте во врска, треба да зборувате за тоа што сакате и не сакате во односите со партнерот.

Сексуални ограничувања

Неколку екстремни работи како оние од еротските филмови и новите пози не сакате да започнете да ги изведувате без да ја прашате другата страна дали и одговара. Прво, кажете си на еден на друг кои работи сакате да ги пробате и кои се целосно одвратни за вас, за да не предизвикате засрамувачки ситуации за време на самиот секс.

Монотонија

Ако избегнувате да зборувате за секс, тоа би можело да стане монотоно и рутинско. Една или две пози кои секогаш ги практикувате без некои иновации и игри веќе не носат возбуда. Затоа е толку важно да разговарате за нови работи што можеби сакате да ги пробате.

И на жените им треба секс, МНОГУ ПОВЕЌЕ отколку што мислат мажите


Сексуална дисфункција

За мажите, неуспехот да се постигне ерекција или предвремено прекинување е ужасна и непријатна ситуација, а повеќето не сакаат да зборуваат за тоа додека се во кревет. Значи, првото нешто што можете да направите за да избегнете какви било непријатности е да го пренасочите – замолете го да ве задоволи орално или со стимулација на рака. Ги смирува тензиите. Ако жената е таа што има проблем, како сувоста, таа треба да му каже на мажот за да можат и двајцата да се грижат за правилно подмачкување. Бидете поддржувачи еден на друг и покажете разбирање.

Зошто мажите, а и жените сакаат груб секс? – Поглед.мк

Одбивање на секс

Лош ден на работа, замор, стрес, главоболки … Постојат многу причини зошто, колку и да е убав и возбудлив, не можете да имате секс. За да избегнете срамни ситуации и гнев од друга страна, неопходно е да му објасните на партнерот на убав и мирен начин зошто не сакате во моментот да преземете акција. Допрете го партнерот, насмејте се и предложете друг пат. Може да бидете искрени и зошто не сте расположени, затоа што имате специфична причина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi