Сексуален однос, бакнување или допишување: Што сметате за неверство?

8 ноември, 2020
сссссссссекс

Поимот прељуба не значи за сите исто. Важно е само вие и вашиот партнер да се согласите на таа тема.

Прељубата во врска или брак е денес вообичаена. Што точно претставува изневерување, како би се однесувале кога партнерот ве изневерува и дали прељубата ја дефинираат мажите и жените на ист начин.

Ова се некои од прашањата на кои се осврна неодамнешното американско истражување. Не е секогаш јасно каде е границата помеѓу безопасна забава и изневерување. Мажите, жените и луѓето со различни култури имаат своја перцепција за она што го сметаат за прељуба. Секој, се разбира, има право на свое мислење, важно е само вие и вашиот партнер да се согласите за тоа прашање.

Изневерувањето може да се дефинира како емоционално или сексуално неверство кон партнер со кого сте во врска. Имањето интимен физички или емоционален контакт со друго лице обично се смета за прељуба.

Емоционално неверство

Емотивно неверство е кога партнерот поминува време и се забавува со личност која не сте вие, иако тој нема интимна врска со таа личност.

Физичко неверство

Физичко изневерување е кога една личност е во врска и има секс со друга личност, а личноста со која е во врска не знае за тоа.

Што се смета за неверство?

Една студија од 2013 година на Универзитетот во Мичиген се осврна на оваа тема со барање на група студенти да оценат 27 различни однесувања на скала од 1 до 100. Тие требаше да дадат оценка 1 кога сметаат дека овој тип на однесување воопшто не е прељуба и 100 ако го сметаат во целост за прељуба.


Студијата покажа дека не постои јасна дефиниција за неверство. Еве неколку нефизички форми на однесување што многу од испитаниците ги сметале за прељуба:

-Средба со бивши.

-Размена на телефонски броеви.

-Флертување.

-Допирање на друго лице.

-Купување подароци, плаќање сметки или одење на вечера.

-Допишување во раните часови.

-Испраќање експлицитни пораки.

-Одење на дејт со некој што не е вашот партнер.



escort - Korsan taksi