Секунди, минути или часови? Колку навистина ни треба за да се возбудиме?

24 јуни, 20200
Annotation 2020-06-24 195812

Колку вистина има во она дека на жените им е потребна цела вечност?

Иако ни самите не знаеме како, некако се раширило мислењето дека на жените им треба предигра со часови за да се расположат за секс, и доволно да се напалат. Нема да лажеме дека не ни одговараат долгите бакнежи, прегратките и оралниот секс, но тоа не е секогаш задолжително потребно.

Недамнешна студија објавена во ‘Journal of Sexual Medicine’ тврди дека и мажите и жените почнуваат да покажуваат знаци на возбуда после само 30 секунди. Постоела и мала разлика помеѓу времето кое им е потребно на мажите и на жените да го достигнат врвот на сексуалната возбуда (со оглед на максималната генитална температура која се зголемува кај двата пола за време на возбудувањето).  

Канадските научници избраа неколку момчиња и девојки да гледаат порнографски содржини. За тоа време научниците ги следеа промените во нивните генитални подрачја по пат на термо осетливи сензори, се со цел да дојдат до заклучок колку време е потребно да им се вжештат гениталиите. Истражувањето покажа дека на машките испитаници им требале 11 минути во просек, а на женските 12 минути да го достигнат врвот на сексуалното возбудување, што се однесува до температурата на гениталиите.

Но уште една важна работа треба да се спомене. Испитаниците, порнографските содржини ги гледале низ посебни очила кои го минимизираа видното поле, па можноста некое друго случување во просторијата да им ја наруши концентрацијата и забави процесот на возбудување беше сведена на минимум.  Зошто токму овој дел научниците го сметаа за важен? И каква врска има тоа со митот дека на жените им е потребно повеќе време да се возбудат? Важно е од причина што женскиот мозок функционира малку покомплицирано од машкиот на начин што жените се склони кон мултитаскинг. Токму заради таквиот начин на функционирањето на жените потсвесно анализираат сѐ околу себе, а лесно за време на некои активности мислат на некои потполно десетти обврски. Се од горенаведеното води до пад на концентрација што може значително да ја забави брзината на возбудување. Затоа следниот пат кога ќе почнете акција заборавете на обврски, исклучете го телевизорот и само препуштете се на уживањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *