Што најчесто најчесто се пребарува на Google поврзано со љубов и секс? Дали се пронаоѓате во ова истражување?

26 јули, 20200
ljubov sex

Гугл на крајот на секоја година објавува статистика за „гуглање“, односно најбараните термини во текот на годината. Кога станува збор за трендовите поврзани со сексот и врските – многу совети и одговори се бараат на Интернет. Ќе ги откриеме прашањата поврзани со љубовта кои луѓето најчесто ги гуглале оваа година.

Кога станува збор за секс и врски, ние премалку зборуваме за тоа и бараме помош на Интернет. Сега, дали секоја „помош“ што ја наоѓаме таму е секогаш корисна – тоа е тема за друг напис. Сепак, факт е дека сè повеќе луѓе ги бараат одговорите на прашањата за врската и сексот на Интернет.

Погледнете ги податоците за 2019 година.

Прашање 1: Што е „ghosting“?

„Ghosting“ значи дека партнерот со кој што излеговте неколку пати едноставно исчезнал од „врската“, односно повеќе не се јавува и не одговара на пораки. Бројот на прашања за ghosting е зголемен за 421 проценти изминатата година!

Прашање 2: Што е „gaslighting“?

„Gaslighting“ е кога едниот партнер се обидува да манипулира со другиот. И сето тоа трае додека другиот не помисли дека направил нешто погрешно или е одговорен за нешто (а нема врска со тоа).

Овој феномен го добил името по филмот „Gaslight“ во кој сопругот се обидува да ја убеди сопругата дека го изгубила паметот. Овој термин е 416 проценти повеќе баран во 2019 година – за разлика од 2018 година.

Прашање 3: Што е „breadcrumbing“?

„Трошките“ се тековен тренд – еден партнер од време на време испраќа порака или „лајкува“ (или коментира) фотографија на социјалните мрежи. Ова го прави со намера другата личност да се задржи на „тивок оган“ без многу да се труди. Пребарувањето на овој термин се зголемил за 333 проценти во 2019 година!

Прашање 4: Секс на првиот состанок?

Дали сексот на првиот состанок е во ред или е тотално неприфатлив? Ова прашање го поставија 313 проценти повеќе корисници во 2019 година споредбено со 2018 година.

Прашање 5: Излегување со колега: да или не?

Ова прашање го пребарале 281 проценти повеќе корисници во текот на 2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *