Што најмногу ве мачи за време на сексот? Не бидете изненадени од тоа колку луѓе го имаат истиот проблем

2 ноември, 2020
сеси

Зависноста од мобилен телефон честопати може да оди предалеку. Истражувањето спроведено од компанијата SureCell покажа дека секоја десетта личност е „опседната“ со својот телефон, па дури и го проверува за време на сексот.

Покрај тоа, 43% од учесниците признале дека го прават тоа цело време, а главно се на возраст меѓу 18 и 34 години.

Според „Њујорк пост“, ништо од ова не треба да претставува големо изненадување, имајќи предвид дека во последните пет години многу луѓе го игнорираат својот партнер затоа што постојано ги разгледуваат социјалните мрежи на нивниот телефон.

Скоро половина од луѓето во претходното истражување признаа дека го прават тоа цело време. Дури и кога вечераат со својот партнер, дури третина од испитаниците изјавиле дека не се одделуваат од мобилниот телефон, пренесува Кликс.

Многу испитаници исто така рекле дека мобилните телефони им го уништуваат љубовниот живот.

Кое е вашето искуство со ова? Дали вие или вашиот партнер имате проблеми со концентрацијата, и дали главниот „виновник“ е мобилен телефон?

escort - Korsan taksi