Што сакаат мажите во кревет? Знаете или само нагаѓате? :)

2 април, 20200
sto sakaat mazite vo krevet

Вистината е дека повеќето мажи се малку предвидливи во спалната соба. Тие само сакаат нивниот сексуален живот да биде малку позачинет и повремено изненадувачки. Тоа не е толку тешко 🙂

Океј, знаеме што сакаме во кревет. А кога би ги прашале нив? Ретки се мажите кои бараат акробатски движења од порно филмови од своите партнерки и ормар полн со секси играчки. Секако дека има вакви мажи, а ако ова е вашата фантазија, само повелете.

Но, вистината е, повеќето мажи се малку предвидливи во спалната соба. Тие само сакаат нивниот сексуален живот да биде малку позачинет и повремено изненадувачки. Лесно, зар не? Што сакаат во кревет?

Иницијатива

Иако тие без проблем го превземаат првиот чекор, тие велат дека е многу подобро за нив да ја видат нашата желба и да им покажеме колку се посакувани. Затоа што, ако никогаш не преземеме иницијатива, партнерот честопати мисли дека сме се оладиле. И, тогаш после некое време и тие престануваат да се трудат.

Секси долна облека

Девојките обично ја носат за да ги изненадат своите мажи, а тие велат дека тоа многу го ценат.

„И, ако веднаш го тргнеме од вас, не значи дека не сме го забележале“, велат тие.

Предигра

Немојте да ве залажуваат мажите во филмовите кои се веднаш подготвени за секс, а целосно ја игнорираат предиграта. Мажите, велат, ја сакаат предиграта исто колку и ние. Освен кога станува збор за утрински, брз секс.

Спонтаност

Невозможно е двојките по некое време да не западнат во некаква рутина. Затоа, не плашете се од промени. Секс во кујната, секс под туш. Или еден спонтан во автомобилот дефинитивно ќе ги зачини работите.

Валкани разговори

Ова е уште еден начин да се ослободите од рутината што влегла во вашата спална соба. Малку валкан муабет пред сексот, но и за време, мажите тотално ги возбудува. Секси пораките се исто така добредојдени.

Изговарање на неговото име

Ништо не нè возбудува во моментот како изговарање на нашето име. Не двоумете се, велат мажите.

Отвореност за нови работи

Ако сакаме да ја оствариме нашата фантазија или испробаме нова поза, се надеваме дека ќе бидете отворени за оваа опција. И ветуваме – ќе го сториме истото за вас, велат тие.

Чувство за хумор

Ако работите за време на сексот тргнат наопаку, може да биде урнебесно смешно или ужасно засрамувачко. Можноста заедно да се смееме, додаваат, прави голема разлика.

Тие сакаат да доживееме  оргазам

Сакаме да ни кажете што сакате, а ние ќе сториме сè. Без преговори, велат тие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi