СИГУРНО ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: 8 неверојатни работи што мажите ги бараат од проститутките и љубовничките!

3 ноември, 2020
секс анслобвмна

Не само што не станува збор за секс – во некои случаи воопшто и не станува збор за секс

Трејси Кокс, колумнистка и експертка за секс и машко-женски односи, разговараше со многу проститутки и мажи кои ги користат нивните услуги и дојде до заклучок дека сексот не е единственото нешто што мажите го бараат за време на овие средби. Напротив! Таа состави список на сè што наводно тие бараат од нив.

Нешто ново

-Мојата сопруга и јас имаме односи еднаш месечно, и таа никогаш не сака да пробува нови работи. Да беше поинаку, никогаш не би барал секс од некоја друга – истакна еден од соговорниците на Трејси. Многумина истакнуваат дека при такви средби тие не бараат љубов, туку само секс и возбуда што ги немаат во бракот.

Обожување
Љубовничките, вели Кокс, често ги идеализираат мажите, што е тешко да се очекува во подолга врска или во брак.

-Таа ме прави да се чувствувам важно. Таа ми се восхитува. Кога ја гледам сопругата, гледам само разочарување во нејзините очи. Не се чувствувам дека сум ги исполнил нејзините очекувања – еден човек одговори на прашањето зошто има љубовничка.

Реализација на фантазиите без осудување
Како што истакнаа проститутките и ескорт – дамите, како и мажите со кои Трејси Кокс разговараше, во такви врски, мажите главно се впуштаат во перверзии што никогаш не би можеле да ги побараат од своите жени.

-Со своите девојки и сопруги, тие не чувствуваат дека можат да бидат она што го сакаат во сексот – рече една соговорничка.

Подигање на самодовербата

Некои од девојките со кои Кокс ја анализираше оваа интригантна тема истакнаа дека имаат чувство дека мажите „учат од нив“.

-Ме прашуваат дали на сите девојки нешто им се допаѓа или звучат чудно кога „зборуваат валкано“ – истакна една од нив. Имено, некои мажи немаат самодоверба кога станува збор за односите, па затоа и одлучуваат да ја стекнат и зајакнат на овој начин, смета Трејси.

Блискост
Голем број соговорници на Трејси Кокс откриле дека многу мажи сакаат само да зборуваат и да се чувствуваат поврзани со некого. „Еден човек редовно ми плаќаше само за да го прегрнам“, рече една поранешна ескорт – дама.

-Запознав некои мажи чии жени беа болни и не можеа да имаат секс, но тој недостаток на секс не ги донесе кај мене. Тие чувствуваа голема тага и можеа да разговараат со мене на таа тема. Честопати тоа е случај со постари мажи, не им е лесно да се здружат со жени, а немаат ниту машки пријатели – објасни една проститутка.

Потребата за друштво
Една од причините што некои мажи ќе контактираат со „продавачките на љубов“ е исто така осаменоста. Како што и објаснила на Кокс жена што работела во хот-лајн пред дваесетина години, во една прилика таа разговарала со еден човек шест часа.

Неговата мајка само што почина и тој само сакаше да слушне нечиј глас. Бев изненадена колку често мажите ми се јавуваат затоа што се осамени и немаат со кого да разговараат – рече таа.

„Добра шанса“
Педесетгодишен човек кој има љубовница истакна дека во случај со „спонзоруши“ не значи дека само младите девојки кои се со постар и добро ситуиран маж им требаат само пари.

-Многу од овие девојки сакаат пари за да си го остварат сонот. Ти им помагаш во тоа. Заради вас, тие живеат подобро, имаат работи што никогаш не би можеле да ги добијат без ваша помош. Јас, пак, имам девојка која се однесува убаво кон мене, не ме зема здраво за готово и прави постојано да се чувствувам како да сум на почетокот на врската, па кој маж не би го посакал тоа?

Тие сакаат да се чувствувате посакувано
Еден од соговорниците на Трејси верува дека некои од мажите кои ги користат нивните услуги дома не добиваат доволно внимание.

Тие сакаат внимание, сакаат да се чувствуваат секси, а најмногу од сè сакаат да се чувствуваат пожелно. Мажите со кои бев редовно бараа бакнежи и милувања како дел од услугата. Тие сакаат блискост, контакт со очите, сакаат да бидат пожелни – нагласува таа.

escort - Korsan taksi