Скриен тигар, а во креветот вистински змеј: Оваа поза е создадена за уживање

16 септември, 2020
devojka-krevet-seks-1-2048x1365

На сите понекогаш ни треба малку повеќе сензуалност и блискост. И дали има нешто поубаво од тоа кога самите го чувствувате телото на вашиот партнер, додека сте оставени еден на друг во виорот на страста.


Како се изведува: Легнете на стомак со кренати раце над главата. Со перница или две поставени под срамните коски, малку раширете ги нозете. Вашиот партнер нека го истегне своето тело над вашето и нека влезе во вас, имитирајќи ја позицијата во која се наоѓате. Наместо брзо да туркате одзади, оваа поза бара кружни движења. Зошто ќе ви се допадне оваа поза: Кружната стимулација полека целосно ќе ве исполни, носејќи суптилен, но моќен оргазам. Нема многу движење во оваа позиција, затоа е одлично ако вашиот партнер е склон кон брзи оргазми, или ако сакате само да уживате во чувството на тело на вашиот партнер.

Совет: И покрај тоа што не сте на врвот, сепак можете да бидете главниот играч на оваа позиција. Ако се усогласите со колковите, вашето тело ќе се движи како едно големо, брановидно сексуално чудовиште. Забрзајте или забавете заедно за да одржите моментум, пишува британскиот портал Космополитен.