Совети за незаборавен се*с под туш

14 ноември, 2021
Seductive morning. Close up of young naked couple making love in the shower cabin

Ако сексот под туш прави да се чувствувате непријатно и несмасно, вие не сте единствените. Во реалноста, тоа е многу покомплицирано отколку што изгледа во романтичните филмови. Покрај тоа што вашите движења се ограничени, доста е лизгаво (плочките во комбинација со вода и лизгави тела не се баш идеална опција). Но, пред да ја прецртате бањата од списокот за омилени места за водење љубов, треба да ѝ дадете уште една шанса.

Сексот под туш е посебен бидејќи вклучува временско ограничување – без оглед на големината на бојлерот, нема да можете да се туширате еден час. Покрај тоа, топла вода е пријатна и релаксирачка, а комплетно голите тела се дополнително возбудливи. Дали сте подготвени за секс во облак од пареа? Овие совети ќе го направат задоволството комплетно:

Користете простирка за бања што не се лизга. Размислувањето дали ќе се лизнете и паднете е последното нешто што треба да ве спречи да ја достигнете кулминацијата. Кога телото ќе се прегрее (што понекогаш се случува во бања полна со пареа), мускулите се релаксираат, па можете да паднете. Тоа не се случува често, но сепак бидете внимателни.

Иако е течност, водата може да го зголеми триењето помеѓу вас и телото на вашиот партнер. Затоа, не заборавајте да земете лубрикант. Внимателно нанесете го на гениталиите пред да се истуширате, така работите ќе одат во насоката што ја сакате.

Blurred image of a sexy pair kissing in the shower

Нека сексот под туш биде незаборавен

Влезете во бањата кога веќе сте загреани за акција. Во тесен простор како што е кабината за туширање, нема многу простор за креативност. За да избегнете прерано трошење на целата топла вода, започнете ја предиграта во спалната соба или некој друг дел од станот. Кога ќе стигнете до бањата, тушот насочете го кон грбот, стомакот или нозете. Капките кои прскаат директно во вашето лице, ќе го намалат задоволството и ќе ве деконцентрираат. Водата не треба да ги погодува и вашите гениталии затоа што ќе предизвика повеќе триење.

Земете малку миризлив, пенлив сапун и искористете го за да го истражите телото на вашиот партнер со нежни допири и масажи. Понекогаш ваквата релаксирана блискост е вистинско откритие. Остави ја имагинацијата и пуштете ги рацете да лизгаат каде сакаат.

Дали некоја поза е особено погодна за секс под туш? За таа работа, изборот е ваш, иако најпрактичната позиција на стоење. Додека сте свртени со грбот кон ѕидот, нека вашиот партнер пристапи од напред. Завијте ги нозете околу половината,а ако ова ви ја наруши рамнотежата, спуштете ја едната нога до подот.

Како и секоја друга сексуална активност, сексот под туш подразбира соодветна заштита од сексуално преносливи болести. Водата не може да го спречи ширењето на инфекцијата на кој било начин, затоа секогаш се препорачува употреба на кондоми.

escort - Korsan taksi