Студијата откри: Луѓето во овие години се изложени на најголем ризик од сексуално преносливи болести!

25 ноември, 2020
fead7531-97a0-4228-af3c-be9c393d275f

Анкетата наречена SHIFT Иницијатива за сексуално здравје, испита 800 возрасни лица низ Англија, Белгија и Холандија, од кои 200 беа идентификувани како социо-економски ранливи. Скоро 80% од оние во општата група на население биле на возраст од 45 до 65 години, додека 58% од оние во социо-економски ранливата група биле на возраст меѓу 45 и 54 години.

Истражувачите откриле дека повеќе од половина од испитаниците во секоја категорија никогаш не биле тестирани за сексуално пренослива болест. Покрај тоа, до 68% рекле дека никогаш не користат заштита, а над 20% објасниле дека поради нивната возраст, не постои ризик од бременост.

„Премногу ризични луѓе на 45-годишна возраст се претежно оние кои влегуваат во нови врски по период на моногамија, често после менопаузата, кога бременоста веќе не е проблем, но затоа се сексуално преносливите инфекции“, објасни главниот автор др. Иан Тиндал.
Студијата заклучи дека „луѓето постари од 45 години имаат поголем ризик од заразување на сексуално преносливите болести.

escort - Korsan taksi