Три прашања кои секојдневно си ги поставуваат луѓето кои се во среќна врска и брак

2 мај, 20200
jubov

Луѓето во долгогодишни врски и бракови комуницираат секој ден. Но, квалитетот на нивната врска во голема мерка зависи од квалитетот на прашањата кои си ги поставуваат и што всушност одговараат.

Како беше на работа?

Добро.

Како беше ти беше тебе на работа?

Истото добро.

Што ќе јадеме денес?

Не знам.

Можеш ли да купиш леб на пат кон дома?

Океј.

Иако животот е составен од многу вакви дневни промени на информациии, ова не е доволно да се одржи квалитетна врска. Среќните луѓе се чувствуваат сакани и поддржани од партнерот. Затоа си ги поставуваат овие три прашања секој ден:

Како се чувствуваш?

Ова прашање е одличен стимулатор за разговоор за подлабоки чувства. Ова му дозволува на вашиот партнер да зборува за пропуштените можности на работа, својот шеф, можни фрустрации поврзани со нов проект и слични работи. Ова прашање и покажува на другата страна дека сте заинтересирани за нивниот живот и дека сакате да ги споделите со нив добрите и лоши моменти.

Како можам да ти помогнам?

Понекогаш на партнерот му треба само некој да ги сослуша неговите проблеми. Друг пат, ќе побара мислење, совет или утешна прегратка. Прашувајќи го ова, му дозволувате да знае дека сте подготвени да го поддржите, но исто така му давате можност да ве праша што навистина му треба во тој момент.

Кога можеме да разговараме?

Бизнис, семејство, дом… Животот е полн со секојдневни мали нешта кои не спречуваат целосно да се посветиме на партнерот. Но, кога ќе го поставиме ова прашање, му дозволуваме да знае дека сакаме да одвоиме време за него. Сакаме да му кажеме дека неговите мислења и чувства се важни за вас и дека сакате да му посветите внимание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi