Умот ви лута кога водите љубов? Пробајте да бидете свесни и фокусирани!

18 ноември, 2020
сексс

Сексот претежно се сведува на акцијата насочена кон машкиот оргазам, но тоа не треба да биде така. Сексот треба да биде забавно зближување без никаква цел и товар
Многу луѓе сексот го доживуваат како трка што нема смисла да се започне ако целта не е јасна. Оргазмот е прилично едноставна цел што им дава можност на луѓето делумно да се исклучат и да размислуваат за нешто друго.
Лутањето на умот за време на сексот најчесто значи дека лицето всушност не е заинтересирано за тоа што го прави, туку го доживува како задача. Дури и сексуалните фантазии за време на односот често не помагаат затоа што може да создаде чувство на срам, вина или оддалеченост од партнерот.

Многумина доживуваат оргазам како лично достигнување отколку како искуство и задоволство што треба да го споделат со партнерот.
„Свесниот“ секс е поинаков пристап кон интимноста. Едно лице влегува во „свесен“ секс без планови и цели.

Идејата за ‘свесен’ секс е да се биде во моментот и целосно да се фокусираме на она што се случува. Партнерите не треба да се двоумат да кажат што им одговара, а што не.

Решението е да се исчисти умот од какви било мисли пред сексот. Длабоко дишење и медитација помагаат. Умот треба да се откаже од контролата врз телото за време на сексот.

escort - Korsan taksi