Уживајте во телото на вашиот партнер: 5 секс – игри против досада во карантин

5 мај, 20200
5 seks igri

Еве неколку предлози вашето време во карантин да го поминете на креативен, секси начин.

Ако ви се здосади да сте заглавени во вашиот дом, не сте единствените, но не дозволувајте вашето слободно време да ве натера да напуштите куќата за време на полицискиот час. Наместо тоа, порталот Метро препорачува секс игри кои можете да ги пробате со партнерот.

Ние нудиме неколку предлози да го подобрите времето во карантин и да уживате во телото на вашиот партнер.

Контролирај ме

Дозволете му на вашиот партнер да има моќ над вас. Комплетно. Партнерот може од вас да побара што че посака. Имајте безбедносен збор, лозинка ако сакате да паузирате. Кога ќе доживеете кулминација, заменете ги улогите.

Исполнување на фантазии

На парче хартија, двајцата запишете ги вашите „валкани“ фантазии што отсекогаш сте сакале да ги испробате и ставете ги во еден сад. Секоја вечер, извлекувајте по едно парче хартија и испробајте ја фантазијата која е изводлива во карантин. Покрај тоа што конечно ќе ги стварите, ќе се зближите со вашиот партнер.

Гол предизвик

Не носете облека додека ги извршувате дневните обврски – смукање, миење садови, пеглање. И двајцата сте голи и не смеете да се допирате. Нека расте сексуалната напнатост. Кога конечно нема да можете да издржите повеќе, препуштете се на походот. Ќе видите каков спектакуларен резултат ќе постигнете.

Фрлање коцки

На секој број на коцката дајте му значење. Единица – бакнеж. Шест – секс, итн. И потоа фрлајте ги на ваша волја.

Вистина или предизвик

Не мора да ви го објаснуваме ова, но можете да ја користите оваа игра, покрај секси предизвикот, да го прашате вашиот партнер сè што сакате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi