Колку всушност е важна големината?

5 октомври, 20200
penis

Многу често се пишува, зборува и мисли за големината на пенисот.

Доста веќе за пенисите!

Колку е важна величината на вагината??!

Величината на вагината е особено важно, и објаснето е убаво како и зошто во Кама Сутра. Всушност, објаснета е важноста на величина на органите на обата партнери. Значи, големината е важна!

Во Кама Сутра мажите се опишани како слонови, бикови или зајци, додека жените како слоници, кобили или срни. Овој опис се однесува на големината на гениталниот орган. И идеално е да се најде партнер на кој нема да му биде преширок или прекраток вашиот орган. Не сте вие криви – анатомијата е!

Најновите истражувања покажуваат дека за тоа колку жената ќе ужива во сексот е важна и оддалеченоста на клиторисот од вагината. Според овие истражувања, најголеми шанса за постигнување оргазам имаат жените кај кои на клиторисот е оддалечен 2,5 цм од вагината.

Во 20 век посветено е внимание и извршени се бројни истражувања на жени кај кои клиторисот има голема оддалеченост од вагината. Тие тешко, безмалку никако не можат да доживеат оргазам, а терминот кој се користи за нив е téléclitoridienne.

Некои веруваат дека вагината се зголемува со нејзина „употреба“ (секс), што не е вистина. Факт е дека се зголемуваат зидовите на вагината после пороѓај, па колку повеќе пороѓаи, можноста за нејзино ширење се зголемува. Сепак, како и секој мускул, и ова не е сосема точно, затоа што еластичноста и јачината на вагиналните мускули е индивидуална, а може со соодветни вежби да се зачврстат, а со тоа и намали нејиното ширење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *