Вие би сакале, но немате сила? Имаме 5 најдобри пози за исцрпени …

2 август, 2020
дсадс

Во оние денови кога не можете да се помрднете, но сепак би сакале да си играте со вашиот партнер, обидете се со пози кои гарантираат максимално задоволство со минимален напор, а исто така овозможуваат стимулирање на други ерогени зони.

Ако сте презаситени од прекумерна работа, бројни обврски, недостаток на сон и грижи за семејството, големи се шансите да пропуштите многу сексуална забава заради тоа. Но, тоа не треба да биде така, велат сексуалните терапевти кои веруваат дека недостатокот на енергија не треба да биде пречка за сексот, затоа што единствениот предуслов е желбата.

Повеќето луѓе денес се чувствуваат уморно, но со овие пет позиции, физичката издржливост нема да дојде до израз, но страста ќе ја одигра својата улога.

Лажица


Оваа поза е наменета за сите оние што се уморни, дури и ако двајцата партнери се исцрпени. Жената треба да лежи на нејзината страна, така што партнерот ја гушка одназад како лажица. Оваа позиција има многу можни варијации кои бараат минимален напор, како на пример, влечење на колената кон градите или свиткување на телото надолу кон вашиот партнер.

Може да се обидете и да ја ставите горната нога на нозете на партнерот за да се приближите и да постигнете подлабока пенетрација. Позицијата на лажицата ви овозможува на вас и на вашиот партнер лесен пристап до остатокот од вашето тело, така што можете да добиете различни видови стимулација додека го правите тоа. Има дури и простор за играчка или две.


Прав агол


Легнете на креветот (или масата) и повлечете го задникот сè до работ, додека нозете висат надолу. Потоа, партнерот стои или клекнува пред вас, во зависност од висината на површината на која се наоѓате, и влегува во вас. Ова е друга позиција која му овозможува на вашиот партнер лесен пристап до остатокот од вашето тело и го олеснува постигнувањето оргазам под прав агол.

Мисионерска

Да, ова може да биде основната позиција, но ако сте оној долу, тоа е светиот грал за исцрпени. Легнете на грб додека вашиот партнер ја извршува целата работа. Постојат многу варијации што можат да ве натераат да ја доживеете позитивно различноста, како на пример, да ги завиткувате нозете околу грбот на партнерот или да ги ставате нозете на рамената, но за повеќето од нив ќе треба повеќе напор. За да ги прилагодите аглите без потреба од акробатика, само поставете перница под задникот.

Меѓусебна мастурбација


Ова е одлично кога и двајцата сте уморни од движење на нешто повеќе од вашата рака, но исто така е навистина одличен начин да ги зачините работите. Гледањето на вашиот партнер како мастурбира може да биде одличен начин за добивање на визуелна стимулација (што можете да го запомните подоцна)

Doggy, но легнати


Наместо да го очекувате партнерот зад вас, поставете куп перници под вас, на кои можете да го одморите телото. Поставете куп перници, со задникот во воздухот. Партнерот влегува од позади, и ако е исто така уморен – оставете го да се потпира на грб.