Влијанието на алкохолот врз сексуалниот живот

11 јули, 20200
6

Дали омилениот пијалак ви ја намалува можноста да доживеете оргазам? Чаша вино или жесток пијалак може да ви помогне да се опуштите, па дури да се почувствувате попривлечно. Но, дали навистина помага да имате подобар секс? Иако понекогаш ни изгледа дека по чаша алкохол имаме подобар секс, еве како тој влијае врз нашиот организам.

Го депримира централниот нервен систем

Може да се каже дека алкохолот ги „кочи” поедините делови на централниот нервен систем кои се важни за сексуално возбудување и оргазам – дишење, циркулација и сензитивноста на нервните завршетоци.

Го дехидрира телото

За сексуална возбуда е неопходно одредено ниво крв преку која се транспортира кислородот и се засилува осетливоста на гениталиите. Овој процес е поврзан со ерекцијата кај мажите и со лубрикацијата кај жените. Кога количината течност во телото е мала и со депримиран нервен систем, се забавува сексуалната возбуда и оргазмот. Но не се сите ефекти на алкохолот врз телото негативни.

Алкохолот е афродизијак?

Алкохолот секако има таква репутација, но дали е навистина афродизијак?
Еден или два пијалаци (во зависност од возраста, телесната тежина и од други фактори) можат да помогнат личноста да ги надмине „кочниците” што самата си ги поставила и полесно да се впушти во секс.

Послаба ерекција

Поголема количина алкохол доведува до проблеми со ерекцијата, не само поради дехидратацијата што го намалува протокот на крв во гениталиите, туку и поради кревањето на нивото на хормонот ангиотензин, а тој е директно поврзан со еректилната дисфункција.

Одложена ејакулација

Истражување направено во 2004 година покажа дека 11% од луѓето што консумираат алкохол имаат проблеми со доживувањето оргазам. Мажите имаат проблем со ејакулацијата, а на жените им е потребно многу повеќе стимулација да доживеат врв на сексуалното задоволство. Оттука и проблемот со небезбедниот секс и опасноста од сексуално преносливи болести. Една канадска студија покажа дека испитаниците колку повеќе чашки испивале, толку повеќе го занемарувале безбедниот секс. Освен што алкохолот влијае врз разумните одлуки, проблемот со нечувствителноста на гениталиите доведува до одлуки за секс без заштита.

Вагинална сувост

Можеби алкохолот го освежува социјалниот живот, но не и влажноста на вагината. Дехидратацијата, која е последица на консумирањето алкохол, доведува до умор, главоболка, но и до вагинална сувост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi