Во кревет со бившиот? Психолозите ги објаснуваат предностите и маните!

4 јули, 20200
секс

Кога сте сами, а сите околу вас се во стабилни врски за кои постојано зборуваат – помислувате да се смирите со вашето поранешно момче. Но, дали е тоа секогаш добра идеја, или рецепт за тотална пропаст?Не ви се допаѓаат врските за една вечер, нема никој кој ви е интересен за флерт, а камоли за долга љубовна врска.Во еден момент, сијалицата се пали и мислите: „Сексот со поранешниот е токму тоа што ми треба“.Ако се премислите за ова и не сте сигурни за вашата одлука, се надеваме дека ќе ви помогнеме барем малку.

Психолозите тврдат дека луѓето започнуваат авантури со поранешните партнери од три причини:

Првата е затоа што им се допаѓа фактот дека некој со кој веќе раскинале ги сака. Втората е дека им се допаѓа фактот дека сè е добро координирано и познато. Трето, затоа што тие се надеваат дека авантурата ќе доведе до обновување на старата врска.

На крајот на краиштата, од вас зависи како ќе ви влијае сексот со вашиот поранешен. Некои ќе сметаат дека е грешка, за други тоа ќе биде добар начин да се стави крај на целата работа.И додека некои ќе можат да продолжат понатаму после сексуалниот однос со својот поранешен, други нема да можат толку лесно.Значи, пред да го повикате вашиот поранешен или да одговорите на неговиот повик, препорачливо е да се разгледаат позитивните и негативните елементи од оваа постапка.

Позитивни страни:

Можете да ги ублажите лошите чувства. Ако сексот е пријатно искуство за обете страни, може да ја ублажи негативноста предизвикана од распадот.

Може да биде многу примамливо. Имено, тоа е нешто што добро го знаеме, но во сосема различни околности. Лежерност и безбедност, а ново искуство.

Може да доведе до промена во перцепцијата на другата личност. Сигурно е дека распадот ќе доведе до затегнат однос, но повторната интимност може да ја промени перспективата што ја имаме.

Претставува безбедна зона. Вие ја знаете секоја педа на таа личност и таа сигурно ве познава. Затоа, нема изненадувања во креветот и климаксот е загарантиран.

Негативни страни:

Може да доведе до повторна емоционална поврзаност и тоа е лошо за вас. Фактот дека веќе поминавте низ болно раскинување е доволно само по себе.

Може да доведе до серија помирувања и прекини. Мал број парови сакаат да се вратат во врска после овој вид на секс. Сепак, проблемите кои не можевте да ги надминете порано, ве чекаат и сега, со таа разлика што веќе сте решиле да раскинете заради нив. Веќе еднаш се разочаравте, запрашајте се дали сакате повторно да бидете.

Може да отвори стари рани. Сексот со својот поранешен е ризичен исто така затоа што може да ве потсети на старите кавги и на тој начин да предизвика негативни чувства.

Може да доведе до проблеми со нов партнер. Иако сексот со бивш е опција која почесто ја избираат луѓе кои не се во нова врска, честопати се случува еден ако не и двајцата партнери веќе имаат некој нов, и се впуштаат во ваква авантура..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi