Зачестениот секс може да го подобри квалитетот на сонот

18 мај, 2020
сс

Освен што дава добро чувство, сексуалниот однос може да влијае и на некои важни сегменти од вашиот живот. Една од многу важните секојдневни работи е сонот.

Многу работи можат да влијаат на квалитетот на сонот, а меѓу нив е и сексот, односно зачестеноста на сексуалните односи.

Како што пренесува порталот Her, истражувањата покажаа дека зачестените сексуални односи можат значително да го подобрат квалитетот на сонот.

Иако се чини логично дека сексот ќе ве измори и дека потоа полесно ќе заспиете, тоа што најмногу влијае на сонот е оргазмот.

Истражувањето спроведено на Универзитетот Central Queensland покажа дека дури 64% луѓе спијат поспокојно и цврсто после сексуалниот однос во кој доживеале оргазам.

Во истражувањето, во кое учествувале 460 испитаници, докажано е дека за поквалитетен сон е заслужен хормонот окситоцин, кој го опушта телото и му дава добро чувство како ендорфинот, кој телото го излачува после спортска активност.