Застрашувачко предвидување: Кога ќе заврши пандемијата, ќе следи СОДОМА И ГОМОРА!

14 април, 20200
секс

Апликациите и веб-страниците дизајнирани да наоѓање партнери за вонбрачни врски забележале зголемување на корисниците.

Истражувањето од платформата IllicitEncounters покажа дека во последните неколку недели, поточно од почетокот на масовното проширување на КОВИД 19 и изолацијата, има зголемување на бројот на оженети лица кои бараат вонбрачни врски.

Поточно, апликациите и веб-страниците дизајнирани за наоѓање партнери за вонбрачни врски, забележале зголемување на корисниците во последните неколку недели, додека повеќето луѓе се затворени со сопружниците.

Страницата за пронаоѓање партнери IllictEncounters во март евидентирале 18% повеќе пријавени мажи и 12% повеќе жени.

Според истражувањето, 74% од мажите велат дека „бараат некој друг, затоа што им е здодевно дома уште од воведувањето на правилата за изолација“. За жените, мотивите за вонбрачните партнери се малку различни, при што две третини или 64% велат дека „овој период на постојан соживот со сопружниците им покажал некои скриени слабости во бракот“.

Бидејќи во моментот не се во можност да ги видат своите нови љубовници, корисниците на споменатата апликација велат дека тие ги одржуваат своите врски главно преку Skype и Face Time.

Една корисничка, 37-годишната Сара, за „Daily Mail“ ијави дека неодамна започнала „online афера“ со маж што го запознала преку страницата „IllicitEncounters“, иако иако е во брак со нејзиниот сопруг, адвокатот Пол, веќе 12 години.

Сара вели дека главната причина за потрага по друг маж е тоа што таа и Пол имаат неусогласени сексуални нагони и таа „секогаш сака повеќе физичка активност од него“.

За својот сексуален нагон, Сара вели дека „на скала од еден до десет е девет, додека нејзиниот сопруг е околу пет“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi