Жените фантазираат за груб секс

19 април, 20200
4

Резултатите од многу истражувања покажуваат дека многу жени фантазираат за груб секс кој се граничи со силување. Секако зборуваме за еротски игри меѓу партнерите, а не за вистинска сексуална злоупотреба. Според сексолозите, фантазијата за насилен однос е меѓу топ 10 сексуални фантазии. Причината е тоа што ваквиот однос им дозволува на жените да ги остварат фантазиите за сиров и валкан секс без чувство на вина или срам. Во фантазиите често е вклучен атрактивен маж кој ја кине облеката од нивното тело. Тие би можеле да му оддолеат, но тој ги зема без да поставува прашања. Задоволството почнуваат да го чувствуваат при чинот на пенетрација.

Мажите фантазираат за груб секс

Жените ги возбудува чувството на подреденост и беспомошност. Партнерот може да ги оствари овие фантазии на жената ако делумно се маскира и ја изненади партнерката со одлучност и бруталност. Разликта меѓу фантазијата и реалноста е што во фантазијата жената може да задржи дел од контролата. Но, не се жените единствените што фантазираат за силување. Едно истражување од 1980 година покажа дека 45,8 проценти од мажите фантазираат за сексуален однос каде партнерката ги силува, поточно жената ја превзема доминантната улога и се задоволува употребувајќи го мажот како сексуален објект.

Грубиот секс и играње улоги во сексуалната игра

Мора да се ослободиме од предрасудите кога станува збор за тоа што луѓето прават во приватноста на спалната соба. Иако многу фетиши и фантазии не можат да бидат разбрани или објаснети, луѓето кои тие ги возбудуваат ја разбираат нивната привлечност. Фантазиите за груб секс (силување) ќе ги остварат само оние парови кај кои постои взаемна согласност. Тешко е да се спојат чувствата на љубов и агресија. Но да се одглуми фантазијата на вашиот партнер не е исто тоа вистински да се направи.

Погрешни идеи

Овој многу необичен фетиш воопшто не е рефлексија на вистинските желби. Би било многу лошо ако мажите погрешно ја разберат женската фантазија за груб секс. Кога се зборува за “фантазија за силување”, најчесто се мисли дека жената фантазира како мажот ја зема без резерва и пенетрира во неа без претходна предигра и без романтика. Тие посакуваат мажот да не ги гледа како саканата личност туку како сексуален објект. Значи кога ќе кажеме фантазја за силување не мислиме на вистинско силување.

Варијации на фантазиите за груб секс

Блиски со оваа фантазија се фантазиите за секс со непознат, садо-мазо секс и врзување. Паровите најчесто ги остваруваат овие фантазии со помош на играње на улоги на доминантен и подреден, бидејќи и овие сексуални игри ги будат истите чувства. Се додека човечката имагинација и сексуалност немаат граници овие и многу други фетиши ќе бидат присутни во сексуалната игра.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *