Зошто секој хороскопски знак сè уште размислува за поранешниот партнер?

18 август, 20200
ex

Дали помина многу време откако раскинавте со партнерот, но сè уште мислите на него? Астрологијата ќе ви ја открие причината за тоа.

Овен
Здодевно ви е и сакате да внесете малку возбуда во вашиот живот.

Бик
Во последно време се чувствувате осамено и сакате некој да ја пополни таа празнина.

Близнаци
Созреавте и не можете да престанете да се прашувате дали врската би функционирала сега кога сте постари и помудри.

Рак
Постојано гледате како името на поранешниот партнер се појавува на Интернет и го слушате во разговор и тешко ви е да не го сфатите тоа како знак дека треба повторно да се поврзете.

Лав
Премногу работи се сменија во последно време и тоа ви изгледа застрашувачки, па сакате да се поврзете со вашето минато.

Девица
Не сте запознале личност која ви предизвикува заинтересираност, па сè уште сте заглавени мислејќи на личностите од минатото.

Вага
Таа личност ви значи многу и кога некој ќе освои место во вашето срце, никогаш не може да излезе од таму.

Скорпија
Вашето срце во последно време ве влече во еден куп различни насоки, така што сите изгледаат како добра опција.

Стрелец
Минувате низ период во кој не се случува ништо и се навраќате на вашето минато за да најдете некој што може да биде интересен.

Јарец
Мислите дека сите се движат напред, а вие сте заглавени, па започнувате да ги намалувате вашите стандарди.

Водолија
Ви недостасува чувството на флертување, така што сега би флертувале со кој било.

Риби
Во последно време се чувствувате несигурно и ви недостасува чувството што го имавте кога бевте во близина на таа личност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *