Зошто жените се гласни за време на оргазам

19 април, 20200
1

Магазинот „Archives of Sexual Behavior“  минатиот месец објавил студија во која се покажува дека гласните воздишки кои жената ги испушта за време на оргазам, всушност се манипулација на мажите.

Американските научници Гејл Бревер и Колин Хендри анкетирале 71 жени на возраст од 18 до 48 години, за да откријат како жените го вокализираат оргазмот и зошто испуштаат воздишки ако не го доживеале оргазмот. Одговор на повеќе од нив било за да го возбудат својот партнер.

Жените со викањето при водењето љубов го стимулираат мажот побрзо да дојде до оргазам, а тоа најчесто е кога чинот им е досаден, кога се уморни, нервозни или едноставно не сакаат да имаат секс.

Односно, жените гласно доживаат сексуален однос кога не се прменогу возбудени, а додека оние кои вистински го доживуваат оргазмот се најчесто по тивки. Всушност, колку жените се потивки, толку оргазмот е појак.

Чарлин Миленхард, професорка по клиничка психологија од Универзитетот во Канзас, не е изненадена од овие резултати, бидејќи како што истакнува таа, мажите и жените за време на сексот ги имаат научено и ги следат своите улоги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *