Мајка роди бебе со антитела на Kовид-19, лекарите беа зачудени: Дали детето се заразило во стомакот?

29 ноември, 2020
1595340665683-trudnica-trudna-zena-4-830x0

– Мојот лекар претпоставува дека ги пренесов своите антитела на бебето за време на бременоста – вели новата мајка

Во Сингапур, мајка која беше заразена со корона вирусот за време на бременоста во март, роди бебе кое има антитела, што им даде на научниците нови докази дека ковид-19 може да се пренесе од мајка на фетус.

Бебето кое е родено овој месец нема ковид 19, но има антител.

– Мојот лекар претпоставува дека ги пренесов своите антитела на бебето за време на бременоста – рече Селин Нг-Чан.

Имала лесна форма на инфекција и поминала две недели во болница заради превенција.

Светската здравствена организација сè уште не знае дали бремените жени можат да ја пренесат инфекцијата на фетусот за време на бременост или породување, сепак, овој случај покажа дека е можно.

До денес, вирусот не е пронајден во течности околу бебето во матката или во мајчиното млеко.

Преносот на вирусот од мајка на новороденче е реткост, соопштија лекарите од универзитетот Њу Јорк-Презвитеријан и Колумбија во октомври.

escort - Korsan taksi